×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Коментар: ГРАЃАНИНОТ (СЕПАК) СИ САКА СТАП

    Столе Божиновски

    Небаре ние сме фини како од Финска или незнам од кој друг вилает да сме, од земја во која на граѓаните не им се потребни никакви молби и апели за да си ги почитуваат пишаните и непишани закони. Балкан е ова бе Батка, Македонија, каде не е кул да се наведнеш по отпадок и да го кренеш од улица или тротоар. Некој ќе те види и ќе те мисли дека ,, не си со сите‘‘ (во најмала рака). Стотици муабети за искуства на културни загриженици за комуналната хигиена имам слушано: одржувале одредено парче заеднички простор во одредена станбена средина и се надевале дека ќе предизвикаат совест и кон другите соседи да им се придружат. Ма, јок! Раскажуваат дека соседите (особено соседките) си густирале кафе на терасите и им се чуделе на упорноста и ентузијазмот на ,,чистотниците‘‘. Кога за вакви и слични теми станува збор, кај нас нема да сретнеш соговорник што нема да ја препорача старата, проверена мерка за дисциплинирање на граѓаните - камџијата или стапот! Велат дека и погоре посочените Финци, или Швеѓаните, или наште Словенци ако сакате, не паднале од небото како културни, човечки суштества кои хартиичките и друг вид отпад си ги ставаат в џеп и си ги носат до местата кајшто им е место. Велат дека и културните народи ги поминале фазите на воспитување со мерки на дрвената педагогија, односно со помош на стапот. Се разбира, стап во преносна смисла, со тепање по џебот. Сега, градоначалникот, притиснат од  намерата добро да си го одработи мандатот, навестува примена и на драстични парични казни и пак, по којзнае кој пат, ги споменува фамозните комунални полицајци кои ќе патролираат низ градот и драстично ќе ги казнуваат загадувачите. Простете но - утре малку! Та нели и тие полицајци се наши, луѓе со исти навики и менталитети како нашите? Првата пречка за нивното совесно работење е рак-раната на балканскиве простори - крупната и ситна корупција, роднинските врски и нееднаков третман спрема прекршителите на законите, па и нашата пословична, да не речам  вродена мрзливост и немарност кон поставените работни задачи. Гледајте што се случи со ,,страшниот‘‘ закон против пушењето. Нека ме одведе некој на суд и ќе кажам: се пуши во канцелариите на државната администрација. Пуши чиновник во канцеларија од сектор кој му изрекува казна на граѓанин што пуши на улица. Пушат лекар и медицинска сестра во заклучена ординација. Ама, Господе мил, пуши во канцеларија и потписникот на овие редови откако увиде дека законот против пушењето прво го испушија тие што го донесоа. Така. И Ве молам, насловот на овој текст сватете го во добронамерен контекст и во преносна смисла.

    Столе Божиновски Столе Божиновски

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*