×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово на води

    Милош Стаменковиќ

     Секој ден на социјалните мрежи се води кампања за градоначалник на Куманово.

    Бидејќи е дозволен безобразлук и глупирање во политичката игра, се поставува логично прашање: Зошто да не се вклучат и нови играчи во изборниот натпревар?

    Кој е идеален кандидат за градоначалник?

    На пример, јас ќе ја кандидирам баба Ружа за градоначалник. Поточно, баба Ружа да биде првата мајка на градот. За почеток е во предност, бидејки ќе ги собере симпатиите на истиот пол. Со својата храброст и енергија, како и животно искуство, ќе допре и до припадниците на машката популација. Најважно, во изборната трка ќе ги освои срцата на неопределените гласачи.

     Потоа, следи сериозна програма и понуда на политичката сцена, конкретни решенија за проблемите во градот. Бидејќи политичките програми никој не ги чита, уште помалку ги смета за сериозни, ниту им верува, за што се виновни самите политичари, ќе мора проектите да бидат претставени визуелно. Денес не мора да зависите од никого.

    Социјалните мрежи нудат бесконечна можност за имагинација. Доволно е само да имате идеја и сериозна програма. ФБ профил, Инстаграм и Твитер, и баба Ружа е на чекор до фотелјата на градоначалникот на Куманово.

    Од програмата баба Ружа ќе ги има опфатено сите аспекти на живеење во градот, со конкретни решенија. Од областа на спортот, културата, до економски проекти и градежни потфати.

    И се тоа заокружено со еден капитален проект.

    Да почнеме со спортот. Конкуренцијата нуди реконструкција на Градскиот фудбалски стадион во 3Д анимација. Баба Ружа, во својата политичка програма, има соработка со ФК „Барселона“ за комплетна реконструкција на кумановскиот стадион. Во преддоговор со челниците на Барселона, во план е изградба на стадион, инспириран од Ноу Камп, но во помали димензии, со помал капацитет. Оваа соработка на баба Ружа и ФК „Барселона“ е условена со ексклузивното право на тимот од Шпанија за избор на млади фудбалски таленти од Куманово.

    Кога е во прашање изградба на паркови и зелени површини, во четири зони на градот, не може баба Ружа да си дозволи бламирање. Глупирањето ќе го оставиме на политичката конкуренција. Во програмата на баба Руже постои договор за соработка помеѓу неа и Јошка Фишер и Партијата на зелените од Германија. Поточно, според анкетите, се смета дека Зелените се новата политичка сила и наследници на Ангела Меркел. Тие веќе имаат одобрено средства за експериментален проект на комплетно зелен град. И според договорот со баба Ружа, планираат првиот експеримент од тој тип да биде Куманово.

    Секако, под услов, баба Ружа да стане градоначалник.

    Кога станува збор за градежништвото, тука се планираат екстремно големи зафати. На тој план веќе е постигнат договор со Светската банка за финасирање на туризам. Така, опфатен е и толку спомнуваниот хотел „КУБА“, базенот и прочуената Kумановска бања.

    Поради инсистирање на инвеститорот, не се објавува слика на велелепниот комплекс. Но, во кулоарите може да се насети дека ќе имаме клиника Шварцвалд во Куманово, во период од 2 години, од моментот кога баба Ружа ќе стане првата мајка на градот.

    На местото на хотел „Кристал“, во програмата стои изградба на зграда со видиковец.

    Поради скромноста на баба Ружа, во програмата нема визуелен изглед на зградата. Но затоа, во презентацијата на 26. мај, одржана во Дубаи, од страна на кралското семејство, јасно се гледа дека се е подготвено за изградба на Бурџ Калифа на територијата на Балканот. Секој заинтересиран може да ја погледне презентацијата на интернет и ќе му стане јасно дека се работи за Куманово и просторот на денешниот хотел „Кристал“.

    Онаа што е најважно во програмата на баба Ружа е капиталниот проект „Куманово на води“. Не случајно баба Ружа инсистира балканската Бурџ Калифа да биде со видиковец.

    Бидејќи тоа ќе биде најпосетена туристичка атракција, со поглед на еден сосема нов лик на градот.

    На потегот од автобуската станица, преку улицата „Октомвриска револуција“, кејот до Два елена, опфатено со просторот викан Бејтови њиве и Гладно поље, направен е проект во 3Д анимација со кодно име „Куманово на води“.

    Поради големиот успех на сличен проект во Белград, постои голем интерес за инвестирање и во слични проекти. Така, Французите веќе преговараат за „Нови Сад на води“ додека Русите и Збер банка, преку концерот Агрокор, започнуваат со „Загреб на води“.

    Успехот на проектот „Куманово на води“ е загарантиран, бидејќи зад угледот и визијата на баба Ружа, стои најмоќниот финансијски џин ЈП Морган од Соединетите Држави.

    За овој грандиозен градежен потфат, малку е да се пишуваат неколку тома книги, но, сепак, граѓаните ќе бидат запознаени со секој дел од изградбата. Се разбира, доколку на изборите победи баба Ружа.

    Единствено, може да спомнеме дека со „Куманово на води“ за век и вјекова ќе се реши проблемот со поплави, бидејќи од улицата „Октомвриска револуција“ ќе се направи река која параралелно ќе оди со Кумановка. Поточно, таа нема ниту да извира, ниту да се влева во друга река, туку со помош на големи центрифуги ќе кружи. Истата ќе се надополнува со нови врнежи, со што ќе заштедиме големи финансиски средства.

    За другите проекти на баба Ружа ќе оставиме простор да ги спроведе во вториот мандат.

    Ќе наведеме само неколку: Гондола од Магаза до Туш во Банево трло. Метро од Добрашане до Железничка станица. Подземна улица, со две ленти, под Зелено пазарче и многу други.

    Отсега, иднината е во рацете на граѓаните на Куманово.

    Гласајте за баба Ружа!

    Милош Стаменковиќ Милош Стаменковиќ

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*