×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • КУМАНОВСКИ МАНИФЕСТ

    Милош Стаменковиќ

    Секојдневно кога ќе излеземе на улици или на прошетка, среќаваме иста глетка. Нечистотија, ѓубре и прашина по улиците. Во случај да не излегуваме од домот, секоја десета објава на социјалните мрежи е иста слика. Смет по булеварот, преполни контејнери, старите веш машини како декорација во кумановската река, запалени ѓубришта на 500 метри од центарот на градот. Може да набројуваме до недоглед...
    Тоа не е единствен проблем со кој се соочуваме во 21-от век. Но, сигурно е еден од поголемите недостатоци на нашата општина.
    Дали постои решение за „чисто“ Куманово?
    Нормално дека постои.
    Во времето на Рим, империјата не користела единствено меч за освојување на нови територии, туку имала и еден нов пристап, за тоа време. Со воведување на воената окупација, римската администрација градела аквадукти, водоводен систем и го чистела ѓубрето од градовите.
    Или кажано со други зборови, Римјаните поставувале систем со кој управувале со империјата. Основата на тој систем била моќна воена сила, која ја штитела администрацијата и правниот поредок. Во администрацијата секогаш се наоѓале способни луѓе, никогаш не бирале послушници. Парадоксално, ние денеска се наоѓаме во стрипот Алан Форд. Нашите политичари се архетипови на Супер хик. Крадат од сиромашните да дадат на богатите, а улиците се секогаш преполни со смет.
    Во нашиот, кумановски случај, се е обратно пропорционално. Како може да очекуваме да се подобрат работите, ако имаме послушници кои извршуваат наредби на партиските шефови? Како да имаме чисто Куманово, ако јавното претпријатие е база на уценети гласачи, кои го држат систем на владеење на партијата?

    Ако не го промениме системот, тоа нема да се случи. Состојбите ќе бидат секојдневно се полоши и полоши. Промената може да се случи единствено кога ќе ги тргнеме институциите од канџите на политичарите.
    Кога навистина „Чистота и зеленило“ ќе биде во раце на граѓаните?

    Тоа едноставно, може да се случи со приватизација на фирмата. Во Куманово имаме успешни бизнисмени, печалбари од Европа и Блискиот Исток. Доволно е да се понуди јавно -приватно партнерство или продажба на компанијата, со јасни договори и правила. Во тој случај, способни луѓе ќе почнат да ги решаваат проблемите на градот, во својот, но и во интересот на граѓаните.

    Имаме успешен пример во Хрватска. Компанијата Римац го купи италијанскиот гигант Бугати. Тој стана најголемиот произведувач на автомобили на електричен погон. Во светот го препознаваат како европскиот „Тесла“. Тоа се случува кога се грижите за својата компанија. Во Куманово никој нема одговорност за сопственоста на граѓаните. Затоа, единственото решение е промена на системот.

    Но, „окупаторите“ или модерно кажано политичарите, тоа нема да го дозволат, без разлика што никако не коренсподира со системот во кој живееме. Наводно, во државата владее капитализмот, а во стварноста имаме комунизам, во класична смисла. Само се променети зборовите. Веќе 30 години не е на власт Комунистичката партија на СФРЈ, туку владее СДСМ. Јавните претпријатија не се во сопственост на работниците, туку се сопственост на граѓаните.
    Да се решиме од окупацијата, мора да најдеме примери од минатото.

    Кога повеќе не можеле да го трпат зулумот на Османската империја, населението кренало Крушевско востание. Во окупацијата на Германците, имаме партизанско востание, кое доведе до АСНОМ и независна Македонија.

    Во двата случаи, народот земал пушка в раце и се борел за слобода и подобар живот. Денеска немаме ниту слобода, уште помалку подобар живот. Но, за разлика од минатото, ние не мораме да земеме пушки и да одиме во планини. Доволно е во одреден ден, на одредено место, да земеме пенкало в раце и да заокружиме бројка на лист хартија.
    Доволно е да имаме свест дека не водат „окупатори“ на патот до провалијата. За почеток, потребен ни е пример. Крушевското востание започнало со Манифест. На нас ни е потребен Кумановски манифест:

    „Ми, ваши вечити комшије, пријатељи и верни другари од Куманово и околину, без обзир на веру, етничку припадност, пол и убеѓења, а због тој што не можемо више да трпимо глупости и безобразлук, непотизам и негативну селекцију, ујкини деца и послушници, ради тој што од град ни направисва касабу, а од сваку улицу депонију – решисмо да искочимо на прву линију на Фронт и да се боримо против наши и ваши душмани за да си гу вратимо слободу.
    Кумановци, ми не ве имамо само како свои браќа и сестре, него би сакале и да ве задржимо како такви, затој што и ви сте потчинети како нас, и ви сте жртве на бандити, политиканти и погрешне идеологије.

    Ако и ви не сакате како ваши браќа и сестре и сакате да живите боље, ако сте достојни синови и ќерке на Куманово, можете да ни помогнете ако се прикључите у Фронт и заедно се изборимо против свако зло.

    Ајде наши кумановци, Македонци, Албанци, Срби, Турци, Власи, Роми и други. Да се соберемо под едно сл`нце што коначно ќе ни ги огрее срца на сви нас.“

    Милош Стаменковиќ писател

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*