×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • МАТЕМАТИЧАРИ И ЛАЖНИ ВАЛТЕРИ

    Виктор Божиновски

    ...ќе изнапишат едно чудо глупости за кои ни самите не веруваат дека се вистина, и повторно ќе ме испровоцираат да седнам и јас малку, па да им пишам 2-3 реда љубовно писмо !

    Не е случајно што го избрав токму денот кога во Собранието ќе се избира новата Македонска Влада, токму за да ги потсетам овие типчиња што решиле да го „спасуваат“ градот што се направија за државата и за Куманово во изминатите 5 години, со посебен осврт на последните 55 дена (од 5 јуни наваму) за да имаме јасна слика кој со кого разговара ! Ама прво за она што го рекоа :

    Имено, драги мои колумнистчиња, се ми се чини човек треба да работи само вас ќеиф да ви прави : кога се правеше еднонасочен сообраќај во Куманово се жалевте и плачевте на судбината на граѓаните те многу гужва имало по градот, те продавници не можеле да работат, губеле од заработувачката, те немало кај авто да се паркира, човек да помисли живееме на Менхетн а не во Куманово. Е сега кога проблемот со паркирање се реши цивилизациски, како во секој нормален град со сите нишани, сега вие лажни валтери ќе сте ги бранеле интересите на граѓаните . . . Па нели Коце ваш у Скопје воведе потполно ист начин на ред во паркирањето во Скопје па на пуштањето му се нацрта цела Влада на чело со пррремиерот ??! Или мислите дека ние имаме кратко паметење. Мене сосема ми е јасно дека вие мислите дека гласот на граѓанинот на Куманово чини 30 денари, ама кога ги купувате гласовите пред секои избори плаќате многу, многу повеќе за еден глас !!!

    Како не ви е срам, пријатели драги мои, да лажете во секоја можна прилика дека цената на водата во Куманово ќе се зголемувала и тоа ни мање ни више за да се ,,спасувал,, ЈП ВОДОВОД и дека Кумановци плаќале најскапа вода во Македонија ??! Па вие или навистина ништо не разбирате или мислите дека само ќе си седнете на компјутер, ќе напишете што ќе ви текне и сите ќе ви веруваат, по можност и раце ќе ви чукаат !!! Уште еднаш, само да ви биде јасно, Куманово според цената на водата е на 15-то место во Македонија и последен пат имало промена на цена на вода во 2001 година, значи пред 10 години ! Од тогаш, цената на струјата е зголемена за 150%, цената на горивото е зголемена за 220%, во 2008 година ЈП ВОДОВОД ја превзема под свое Пречистителната станица за отпадни води, најеколошкиот проект во државата за кој вашата Влада 5 пари не дава, а која годишно за ЈП „ВОДОВОД„ генерира трошоци од најмалку 15 милиони денари годишно, ставка која никаде ја нема во сметките на граѓаните . . . ама вас математичарите баш ви е гајле за тоа, вас, бидејќи не ве бива нешто конкретно да предложите, или не дај боже некој проблем да решите, единствено ве интересира да викате, урлате и плачете на судбината на граѓаните ! Арно ама, тај работа не ви гу бива !!! Немој вие само да се грижите за судбината на вработените во ЈП „ВОДОВОД„, ТОА Е МОЈА РАБОТА, за тоа јас земам плата, а вие ако сакате да помогнете, бујрум, јавете им се на вашите шефови во Скопје, па државата навремено нека си ги плаќа сметките за вода на сите државни институции во Куманово, од кои патем речено, половината доцнат со плаќање, па тогаш и јас ќе ве пофалам дека нешто корисно сте направиле.

    За оние, пак „жабокречини“ од пред месец-два, од уште еден ваш истакнат „колумнист“ кога ни објаснуваше како тоа настанала вашата „десница“ , кои големи европски умови ја создавале Европската унија и слични прикаски, тоа баталете, дајте им тоа на студентите на Правен факултет нека читаат, животот и дневните проблеми се малку посериозни.

    Е, сега дојдовме и до вашата ценета улога во развојот на Куманово, нели, како претставници на централната власт ! ШТО ТОА ВИЕ, ЛАЖНИ ВАЛТЕРИ-СПАСИТЕЛИ, направивте за Куманово за овие 5 години ????!!! И немој само да ми ги спомнувате 3,2 милиони евра кредит од Светската банка за подобрување на водоводниот и канализациониот систем, затоа што тоа е кредит, и тие пари ќе ги враќаме и јас и вие и моите и вашите деца . . . и не само тоа, од тие пари сеуште абер нема . . . и немојте со оние фори Куманово добило најголема сума-епа ќе добие кога ќе стигнат затоа што Законот така предвидува-највеќе добиваат најнеразвиените региони и тоа нашиот северо-источен во кој се наоѓа Куманово, и највеќе добиваат најголемите општини ! Инаку, да се прашува Грујо, Куманово немаше да добие ни 3,2 денари !!!

    Ако мислите да ми ја спомнувате и онаа имитација од спортска сала во нас.Карпош што повеќе личи на кутија шибица, поарно видете ја новата сала на Економското училиште за да научите како нешто се прави !

    Сосема на крајот, вие драги мои и вашата ,,клапа,, не сте политичари, ВИЕ СТЕ НАЈОБИЧНИ МАТЕМАТИЧАРИ !!! Сте научиле да собирате па сте собрале 56 ваши пратеници и 15 на ДУИ даваат 71 и ооп-ете ти мнозинство . . . ама таа ваша математика ја чини државата нов Закон за јазици, нов Закон за знамиња и ни мање ни више АМНЕСТИЈА за Хашките случаи. Ние во Куманово имаме среќа што тие прашања со нормален дијалог си ги завршивме на време . . . ама вас изгледа ве фатила и АМНЕСТИЈА и АМНЕЗИЈА зашто нешто баш и не се сеќавам дека у тоа тетратката Манифестот ова им го ветивте на граѓаните ??!

    Директор на ЈП „Водовод„ и политички аналитичар

    Виктор Божиновски Виктор Божиновски

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*