×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    Народот ја испрати својата порака

    Дејан Божиновски

    “Народот и кога греши е во право” изјави лидерот на опозицијата и остана жив. Како оваа изјава да се свати? Ароганција и неподготвеност да се признае поразот. 

    Шест пати по ред граѓаните ја одбраа опцијата на која и веруваат. Народот шести пат по ред и даде мандат на оваа политичка гарнитура да продолжи со реформите и со создавањето на трајни дела кои му служат на народот, кои се видливи и мерливи, и кои остануваат за идните генерации.  Желбата за подобро утре победи, го порази минатото, ги победи политичарите од транзицијата и даде дополнителна сила на Македонија да напредува.

    Голем број граѓани на Куманово беа на страна на победникот, за воља на вистината поголемиот дел не, меѓутоа тој избор мора да се почитува и да се согледа зошто тоа е така. Граѓаните прават избор, тој избор врши големо влијание за квалитетот на животот со кој живеат. Ставот на граѓаните не е нешто што е дадено еднаш и засекогаш, ставот е нивно прашање на избор. 

    Манифестот за реформи и развој нуди нов економски циклус на развој, стапки на раст како пред светска економската криза, намалување на невработеноста, намалување на даноците, раст на индустријата и трговијата и зголемени инвестиции.  Веруваме дека нова енергија ќе се вложи во исполнување на Манифестот за реформи и развој, поголема отвореност кон народот, зголемени субвенции, плати и пензии, намалени придонеси, модерни болници, грижа за пациентите, квалитетно образование и развој на културата. 

    Не смееме да бидеме статични и останати во минатиот век. Или ќе бидеш облечен според последниот моден тренд или никој нема да те забележи. Тие што можат да се приспособат ќе се снајдат подобро, а за другите доаѓаат се’ потешки времиња. Социјалдемократска идеја и идеологија мора да се соочи со реалниот и модерен свет. Во Македонија таа го доживеа својот шести пораз, но во Куманово сеуште не. Иако 2008 година даде малку надеж, Куманово сеуште талка во историјата од пред 20 години. 

    Каде во оваа ќе се пронајдат граѓаните на Куманово? Што е тоа што во Куманово не функционира како во останатиот дел од земјава ? Како да ги унапредиме основните граѓански вредности - критичноста, отвореноста, ангажираноста, вештина да се артикулира демократскиот дух. Се прашувам дали недостасува самодоверба, дали недостасува стручност, дали недостасува искуство? Сите овие елементи се неопходни за успех на градот!!! Добитна комбинација е стручноста, искуството и позитивниот став !

    Како на кумановци да им се пренесе порака на доминантната улога што ја има десницата ширум Европа во подигање на економијата и животниот стандард на нивните граѓани.   

    На овие прашања ќе треба да се даде одговор во идниот период од страна на десницата во ликот на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е обврска и одговорност,  лидерството во градот ќе биде изградено со цврстината и стабилноста на карактерот, чесноста и некоруптивноста. Трендот на единство во десницата полека но сигурно се гради. Тоа го покажаа претходните избори. На изборите што поминаа најмногу изгубија суетите на поединци кои беа отцепени од матиците. Георгиевски и Бошковски заминаа во историја.  

    Спонтаниот тек на формирање на јавното мислење,  кој настанува како резултат на комуникација помеѓу луѓето дава слобода на сите граѓани на Куманово слободно да заклучат дали локалната власт е таа што го спречува развојот на оваа општина како  на стопански така и на општествен и културен план. Што е тоа што Куманово го прави град без перспектива, што е тоа што неговите жители ги тера да заминуваат насекаде по светот во потрага по подобар живот? Можеш да се промениш само од две причини: или си научил многу па сакаш да се промениш, или си повреден многу па мораш да се промениш. 

    Порака на моите сограѓани која сакам да ја пратам е дека некој ја сочувал надежта, а тука е и да помогне на другите и тие да ја добијат назад. Верувам дека кумановци можат да го променат својот живот, и тие ќе направат се што е во нивна моќ конечно да започне да оди во нивен прилог. Тоа ќе биде зачеток на позитивни реални промени.

    Директор на Водостопанство „Кумановско-Липковско поле„

    Дејан Божиновски,

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*