×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вистинско лице на нашиот град

    Дејан Божиновски

    На почеток сакам да ги поздравам сите познати и непознати читатели на Kumanovonews. На професионалните новинари и кумановските писатели им давам јасно на знање - немам намера во бизнисот да им се мешам. Причина што се нафатив да ги напишам овие редови е инсистирањето на „седмата сила„ јавно во колумна да ги изнесам моите ставови што обично ги дискутираме кога ќе се сретнеме. Седав дома и размилив, колку пишувањето ќе ми биде обврска повеќе и во ионака набиената професионално-приватна агенда. Помина извесно време, а како понудата за колумнист беше отворена, седнав и почнав да пишувам. Како колумната е личан став и од сопствена перспектива гледање на нештата, веќе ми е полесно.

    Што да се напише, со оглед дека во Куманово само „убави„ работи се случуваат, лошите не се случиле и нема никогаш да се случат. Градот е дијалог а не расправа!

    Куманово е еден од градовите во независна Република Македонија кој не успеа да собере демократска доблест да изврши досега промена на локалната власт. Тоа е изборот на граѓаните и мора да се почитува. Континуитетот од социјализмот е задржан.

    Според левицата слобода е кога некој е ослободен од потребата самиот да донесува одлуки  а со што и можноста да трпи последици за тие одлуки. За левичарите, обичните луѓе не се доволно стручни да го направат вистинскиот избор, бидејќи не ги поседуваат сите информации и образованието што го имаат левичарските експерти и интелектуалци.  Не верувам дека кумановци се такви луѓе .

    Слобода, за десничарите, е кога можеш самиот да избираш, да донесуваш одлуки самостојно за сопствениот живот. Само во општество во кое човек може да управува со нешто што е негово е слободен.  Оти слободата не е само право да носиш самиот одлуки, туку и можност тие одлуки да ги спроведеш во пракса. Правда е кога од својата нива ќе можеш да го ожнееш тоа што си го посеал. Оваа повеќе личи на кумановец. Верувам дека резултатите од изборите во иднина тоа ќе го покажат!   

    Европската идеја е конзервативна идеја. Темелите на Европа ги поставија Конрад Аденауер, Роберт Шуман и Де Гаспери. Во идеолошко-концепциска смисла, што се тие? Конзервативци, десничари ...            

    На човек болен  од канцер - му треба лекар,  на трудната жена и треба гинеколог а на градот навистина е нужна промена на локалната власт.

    Станува опасно за граѓаните на Куманово понатамошно раководење со градот на оваа политичка структура.

    Од каде доаѓа ваков заклучок, сигурно ќе се запрашате. Не така одамна, пред година дена на сите ни е во сеќавање кога под сеуште непознати околности градот остана без снабдување со вода. Тогаш , владејачката структура, на итна седница, со кревање на раце со невидена леснотија и ароганција без око да им трепне со невидена демагогија а во “корист на граѓаните” забранија покачување на цената на водата на локалното мезимче. Во тоа време нивното мезимче не беше платило вода за целиот град за само шест месеци.

    Светот на илузија е светот во кој живеат и работат, со која, прво се залажуваат себе а потоа и граѓаните на Куманово . Во моментот должат само за една цела година . Куманово е европски град, тука е се розово, тука се случуваат само „убави„ работи... Куманово веќе ја откри вистината... политичка вистина... за лошата проценка и демагогија околу цена на еден производ !!! Вистина дека се загрозени извори на снабдување со вода !!!

    За жал, повторно таа цена, ќе ја платат граѓаните на Куманово. Ние сме тука за да ги кажеме вистините кои оваа структура не сака да ги каже. Се плашат од популистички причини да ги кажат. Ние сакаме да ја разбрануваме кумановската јавност и веруваме дека за мнозинството граѓаните таквото однесување е неприфатливо.

    На крајот сакам да им се заблагодарам на сите познати и непознати кои имаа трпение ова мое писание да го прочитаат до крај, патем да ги повикам да ваквото однесување во иднина соодветно го казнат.       

    Директор на Водостопанство, Кумановско-Липковско поле

    Дејан Божиновски

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*