×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ода на „радоста“ за мојот град

    Менсур Калач

    Секогаш уште како мал ме фасцинирале оние земји, каде при интонирање на химната на некој спортски натпревар, гласно се интонира од луѓе гушнати со различна боја на кожа, различна вера и различни убедувања ама со една мисла и енергија за успехот на својата земја.

    Во склад со тоа, во мојата мала а убава земја, никога не сум можел да сфатам каков е тој синдром на непочитување на она што е државно, работење против интересите на својата земја, со назнака дека некои не ја ни гледаат како своја. Земја која сите луѓе ги третира еднакво можеби дури и повеќе оние од малцинските заедници , а за возврат добива удари од сите страни .

    Која е таа идеја на задоеност и повикување на нетрпеливиост дека Македонија не прави ништо за етничките заедници .Уште се прашувам дали во една земја во светот тие што посегнаа против државата во која се родени, и ги црпат сите возможни ресурси се на сите најдобри позиции ,се со цел да се направи баланс и мир, кој за зал е прикриен, а удоволеноста дадена до максимум.

    Јас сум жив пример на човек роден во мешано мултинационално семејство со мисла дека само оваа земја ја имам и ниедна друга. И секогаш во врска со тоа сум бил специфицен од типот на поставување прашања:Какво е тоа име која е твојата вера, го славиш ли овој празник? , Зошто си овде зошто не со нас или вас? Прашања каде една иживеана средина ретко ги поставува , туку со текот на времето сама заклучува.

    Моите секогаш ме учеле дека сите ние сме еднакви,со безрезервно прифаќање на се она човечко околу мене сите ние сме слични,не мачат истите проблем,истите навики и се радуваме на истите нешта.

    Постојат некои зли “магла продавачи” кои велат дека актуелната власт е фобична и затворена спрема националностите.Тоа е голема грешка во чекори уште на старт,затоа што јас сум еден од тие кои сум прифатен, а и многу други слични на мене кои и посакуваат добра иднина на својата земја без разлика на која буква им завршува презимето.

    Во ред е да бидеш албанец,бошњак,ром,евреин..ама кога се работи за нешто национално,свето државно биди македонец со албанско, бошњачко ,ромско или еврејско потекло.Тоа за мене е дефиницијата за една силна европска Македонија.

    Смешно делува како се фрлаат телевизиски бомби , секири и останати нископрофилни орудија за раскол меѓу луѓето, како се негира се што рапидно и квалитетно се прави и создава во Македонија. Тој дел од луѓето упорно продол

    жува да се занимава со варвароидни испади и дестабилизаторски заговори кои не носат добро на никој и даваат лоша слика од страна. Како и да е сепак разбирам, тоа е се од немоќ.

    Ред е да напишам и нешто за мојот роден град Куманово, град кој веќе не го познавам, обезличена касаба од 100.000 жители полна аномалии, недостатоци поделеност. Духовна енергија која полека исчезнува .Луѓе на кои синдромот на “лажичка во уста” во кафетерии сместени на тротоарите на улиците, им е дострел кон кој се стремат по пет пати во денот, а што ке биде утре и која е животната визија за подобро Куманово не е важно .Афганистански шмек кој полека избледува и пари горе долу потрошени на скапи патувања,скапи автомобили и станови и квази екселенција која реално овдека во ова средина не постои.

    Сакале да признаеме или не ние кумановците сме посебни по многу работи, досетливоста, мајтапот и непокорноста,меѓутоа и она своеволие и тврдоглавост иако се околу нас во градот е сиво и пропаѓа, не се осмелуваме да го направиме вистинскиот чекор да направиме промена,промена која одамна требала да се случи .Да кажеме: Доволно беше! Ти благодарам човеку за тоа што не врати 2 века наназад ,да свртиме нова страница за подобро утре, утре кое ке биде од интерес на сите во овој град.

    Нели сме доведени на тоа да се гордееме со неколку прикрпени улици по градот, одвреме на време по некој концерт и за еден “историски базен” на кој луѓето му се радуваат како африканци на дождот, доволно говори во која насока идеме..и на кое дереџе е доведен овој град.

    Исто така убаво е да се биде присутен на манифестацијата “Денови на комедија” ама знаејќи дека после напуштањето на претставата насмевката ке биде задржана подолго на лицето со мисла живеам во европско Куманово, кое ме исполнува и ме прави среќен да продолжам да се надградувам како личност и да имам убава енергија за мене и моето семејство.

    Од друга страна апелирам во чест на сето “изработено” од локалната власт догодина да се направи манифестација специјално наменета за нив во која самите ке глумат бидејќи верувам нема да им биде тешко тоа да го прават пред народот.Манифестација наречена 'Денови на трагедијата” во која ке земат парче празен лист на бината и ке молчат бидејки тоа е единственото нешто сработено за овој временски период.

    Во целата оваа приказна не игра никаква улога нашата или вашата партија нечие напаѓање или деградирање на сработеното,затоа што во прашање сме ние жителите на овој град, цели замаени ,исплашени да направиме еден чекор понапред, затоа што толку време сме труени и дотолчени со лажни надежи за подобро утре, што сега од таа замаеност не веруваме ни на самите себе.

    Дојде тоа време сите да излеземе од оклопот кој долги години не влечеше надоле ида се погледенеме самите себе пред се, да кажеме: Заслужувам подобра иднина за мене и моите најблиски! Сите ние македонци, албанци, роми ,турци....Секој од нас ги чекори овие кумановски улици кои што водат никаде, во некој слеп сокак и се така вртејки се во круг.

    Времето немилосрдно тече молкот на народот нема догло да трае и крикот за промена ке излезе на виделина а тој крик ке биде Куманово конечно да биде облечено во ново руво.Куманово во кое секој ќе биде добредојден и секогаш со мерак ќе наврати пак, град на кој ке бидеме горди сите ние.

    Затоа што,ако продолжи оваа ситуација во која се наоѓа сега градот мислам дека нема да му биде тешко на познатиот резисер Џон Карпентер да дојде, и онака во една душа да направи хорор филм. Кадри и локации нема да му недостасуваат ,ги има на претек а сигурен сум дека тој филм ке биде во конкуренција за оскар на морбидноста.

    Ова беше мое скромно ама искрено излагање за што ме опкружува и она што реално го гледам.На крајот на приказната се што посакувам е промена на подобро за сите нас,за градот,за Куманово,за Македонија.

    Менсур Калач Менсур Калач - дипломиран правник член на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*