×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ПОДДРШКА НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

    Мартина Крстевска

    ПРИОРИТЕТ ЗА ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ ВО ВЛАДИНИТЕ АГЕНДИ

    Носители на развојот во современите економии се малите фирми кои својата развојна енергија ја црпат од луѓето, од нивните знаења и способности. Развој на претпримеништвото значи поттикнување на иновативноста, креативноста, реализирање на идеите, вклучување во деловен потфат, а со тоа зголемување на вработеноста, зголемување на бруто домашниот производ, раст на животниот стандард и раст и развој на целата економија.

    Малите и средните претпријатија (МСП) и претприемништото претставуваат мотор за развој на економијата на Р.Македонија, имајќи во предвид дека учеството на МСП во во вкупниот број на претпријатија во Р.Македонија изнесува 99%, па поддршката на овој сектор се јавува како услов за развој на целата економија.

    Сеопфатна анализа на постоечките мерки на поддршка на претприемништвото во Р.Македонија извршена преку анкета на репрезентативен примерок од 70 претприемачи во Р.Македонија покажува дека Р.Македонија постојано работи на подобрување на претприемничкото опкружување во земјата.

    Претприемништвото се повеќе е интегрирано во владините документи и стратегии. Со години наназад Владата успешно воведува проекти, стратегии и програми за поддршка на развој на претприемништвото и малите и средни претпријатија.

    Во Република Македонија постои широк диверзитет на мерки за поддршка на претприемништвото. Имено, воспоставена е инфраструктура за институционална поддршка на претприемништвото преку разни иницијативи во рамки на владините министерства и владините агенции за поддршка на работата на бизнис инкубаторите, регионалните центри и разните мрежи на поддршка на претприемништвото меѓу кои Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија.

    Владините агенции вршат советодавна и финансиска поддршка за идните претприемачи. Агенцијата за вработување на Република Македонија нуди разни програми за самовработување, во исто време со нудење на поволности за работодавачите за вработување на невработени лица. Во Програмата за работа на Владата на Република Македонија од 2011-2015 година утврдени се макроекономски и микроекономски политики за вработување, кои опфаќаат активни програми и мерки за вработување на различни целни групи.

    Постоеењето на успешно поддржани компании од бизнис инкубаторите претставува показател дека веќе се воспоставени контурите на овој вид на институции кои вршат поддршка на претприемништвото и кои во иднина и во Р.Македонија ќе може да го достигнат значењето кое истите го имаат за високо-развиените европски земји во поддршка на претприемништвото и малите и средните претпријатија.

    Владината политика на постојаното промовирање на претприемништвото преку аудио-визулените средства и следење на добрите практики и искуства на одделни земји-членки на ЕУ е од особено значење во креирање на претприемнички дух во општеството.

    Постоењето на широк диверзитет на универзитетите е особено значајно од аспект на постојано исфрлање на образовен кадар кој полесно ќе може да ги оцени можностите, да превземе ризик и да се вклучи во деловен потфат.

    Битно е да се нагласи дека во Р.Македонија се врши креирање и насочување на политиките кон поддршка на факторите на економскиот развој и дека се врши постојано следење и анализа на позитивните искуствата и практики на земјите-членки на ЕУ во поддршка на развојот на претприемништвото. Трансферот на искуства и знаењето од развиените европски земји овозможува креирање на стручна подлога за профилирање на политиките на поддршка на претприемништвото во Р.Македонија, креирајќи на тој начин стимулативно бизнис опкружување.

    Мартина Крстевска Мартина Крстевска, Доктор по економски науки, член на ВМРО-ДПМНЕ

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*