×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ПОЛИТИЧКИ КЛОВНОВИ

    Емил Ташевски

    Кловновите кои се борат за политичка функција се добра забава – сé додека не победат. Како на добар дел гласачи, не само кај нас туку секаде во светот, им доаѓа идеја дека кловновите ја гарантираат сериозноста во политиката?

    Во големи кризи, стравот што не може да се надмине е мерка за сите нешта. Чувството што нé води кон сопствен или општ немир, кон спас или исчезнување. Сите стравови во оваа скршена состојба во која се наоѓаме се сумираат само во еден вид, составен од бесконечен број на форми на вознемиреност, но гласот даден за политичките кловнови не е никаков начин да се излезе од кризите и стравот.

    Шоу-бизнисот одамна е дел од политиката. Испеаната песна на Мерилин Монро за Кенеди, холивудскиот актер Роналд Реган за претседател на САД или пак учеството на актери и пејачи низ кампањите на повеќе кандидати во светот па и кај нас.

    Во моментот кога демократијата се сведе на конкуренција меѓу партиите во ерата на агресивни, семоќни социјални мрежи и лажни информации, на сиромашните политичари не им преостанува ништо друго освен да одат на лов на гласови во мултимедијални монтирани спектакли. Она што е ново во последните години е недвосмислен профил на луѓе кои сé по масовно се селат во секаков вид на политика како катапулт на највисоки позиции.

    Доаѓајќи на тие позиции тие се обидуваат да сеат страв кој носи драматични пресврти во поништувањето на луѓето и членовите на партиите.

    Кловновите во реалноста се многу важни луѓе. Нивната работа е да нé потсетуваат на безумноста на нештата: дека светот што тие треба да го создаваат изгледа смешен. Тие нé уверуваат во ова со апел до нашето вродено разбирање за апсурдот. Тие ја ослободуваат бескрајната напнатост и траумата на реалноста.

    Проблемот на кловновите во политиката не е недостаток на интелегенцијата, туку вишок на ироничен поглед на светот. Како денешниве кловн-политичари гледааат од птичја перспектива на електоратот што ги избрал, социјалните и државните заедници што ги предводат? Мислам дека на нив им недостасува однос на сериозна, директна одговорност, што не е нивна вина туку нивна професионална деформација.

    Суштината на комичарите не е да водат, туку да ги покажуваат недостатоците на оние што водат, да ја повлечат завесата од мистификациите на политичката моќ. Кој ќе ги разоткрие моќните сега, кога моќните станаа иронични толкувачи на судбината на милиони? Старата поговорка “Кадија те тужи, кадија те суди” станува поговорка на глобалната демократија.

    Маските се менуваат, а не архетипот. Будалите сé повеќе ја држат политичката сцена. И жални се амбициите на поединците и она што го гледаме од нив.

    Емил Ташевски  Емил Ташевски (Дипломиран инженер по информатика на ФИНКИ)

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*