×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Приклучи се!

    Сашо Тодоровски

    Почитувани сограѓани.Македонија единаесет години е ставена на опашката на сите цивилизациски токови.

    Единаесет години сме во чекалната на Европската Унија, единаесет години чекаме да се помрднеме од мртвата точка, додека сите соседи околу нас напредуваат и на некој начин ги градат своите општества.

    Единаесет години човекот во Македонија  не може да напредува ако не си член на нивната партија.Единаесет години вртење во круг.Едианесет години младите се збогуваат од својата држава.Едианесет години системот дава шанса на власта, а ги потиснува граѓаните.

    Единаесет години притисоци, казни тортури.Зошто? Само затоа зошто не си од нивните и не ги подржуваш нивните политики.Единаесет години го убиваат туѓиот став….

    Не смееме да бидеме како Вујко Вања и Соња од истоимената драма и цели 47 години како нив , да ги обвинуваме другите за тоа што ние сме го трпеле и преживувале, а сме можеле да го смениме и промениме…..

    Почитувани ние како СДСМ имаме ПЛАН да ја избавиме Македонија од оваа небиднина во која се најде.

    Посветени сме на нашата идеологија, а тоа е праведен и нормален живот за секој поединец во Македонија.Чесна понуда за пристоен живот.

    Имаме план за повисоки плати за да може достоинстевено да се живее.И тоа ќе го спроведеме.

    Имаме план здравствените услуги бесплатно да им бидат достапни на сите граѓани.

    Имаме план за квалитетно образование каде наставниците и учениците ќе ги мотивираме и ќе ги наградуваме. Училиштата ќе бидат пријатно место и за наставниците и за учениците.Без казни, тортури и секојдневни заплашувања.

    Имаме план да им понудиме на младите иднина, тука во Македонија.

    План за сите, нема да гледаме дали и кој има партиска книшка.

    Сите ќе бидат граѓани од прв ред бидејќи  сите создававме за оваа држава и сите заслужувавме да живееме со подеднакви права во неа.

    Новата влада ќе биде транспарентна  така што секој граѓанин ќе има увид каде се трошат неговите пари и колку плата зема некој функционер.

    Многумина велат треба пари, државата е задолжена. Да пари треба, но ќе се најдат доколку не се краде и не се мисли само на личните интереси, туку се мисли и на интересот на општеството.

    Битна ни е и потребна вашата поддршка почитувани граѓани за да може да ги реализираме овие идеи и да ги спроведеме во нашето општество.Сите заедно да изградиме систем во кои работите ќе функционираат подобро и на поинаков начин.

    Сашо Тодоровски Сашо Тодоровски, портпарол на СДСМ Куманово.

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*