×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Специјален оптимизам

    Драган Митевски

    Почитувани мои сограѓани, ќе започнам со една случка која ја доживеав неодамна.

    Бев во наша државна институција за да побарам еден документ, во ходниците ме дочека голема гужва од луѓе кои чекаа, беше премногу топло, и атмосферата беше зовриена, како од времето и неклиматизираниот простор, така и од нервозата кај луѓето од односот на вработените кои буквално ништо не работеа. Влегов во канцеларијата каде што требаше да го побарам документот, имаше седум осум работни места, исто толку компјутери, а на работните места имаше тројца извршители. Кога побарав услуга една од присутните која патем имаше отворено игра со карти на компјутерот ми рече дека нејзината колешка е задолжена за издавање на документот а таа денеска не е на работа ... Залудни беа сите обиди да го добијам документот, објаснувањето беше дека едноставно денеска таа работа не може да се заврши.  На излегување слушнав еден коментар од присутен граѓани кој ја отсликува целокупната атмосвера на нашата во последниве години веќе дуплирана државна администрација.

    Коментарот изгледаше вака: „Во нашава администрација има три категории на вработени.

     Првата категорија се вработени кои ја познаваат работата, но најчесто се на одмор или пауза. Втората категорија се вработени кои случајно се тука и не си ја познаваат работата, и од тие причини не можат да ве услужат. Третата категорија се вработени кои земаат плата но воопшто не доаѓаат на работа бидејќи институциите се пребукирани од персонал и нема доволно место за секого„.

    Со ваков однос не се оди напред, до кога ќе сме заложници на самите себеси, кога ќе започнеме да си ја почитуваме државата, когаќе почнеме меѓусебно да се почитуваме.  Никој однадвор нема да ни ги реши проблемите. Зарем Специјалниот јавен обвинител не ни е уште еден шамар од Европа. Уште еднаш ни рекоа:„Ние сме тука, ве надгледуваме! Но, ние самите сме тие кои треба да се корегираме, ние самите треба да си го сметеме дворот„.

    Деновове некако во прв план е Гевгелија, како со бегалците така и со Специјалната обвинителка која доаѓа од овој град. Ако бегалската криза и нам како и на цела Европа ни носи многу проблеми, Специјалната сепак ја дочекавме со многу оптимизам, дали конечно ќе се средиме, дало конечно ќе започнеме нормалнода функционираме.

    Колку убаво им дојде оваа бегалска криза на оние кои се задолжени за насочување и фокусирање на јавноста на теми и дилеми кои се периферни, и кои имаат за задача да го одвратат вниманието од горливите проблеми кои ги има нашево секојдневие, Не мора да се измислуваат никакви скандали, не треба да се мачат задолжените за дефокусирање на јавноста, едноставно си ги имаме бегалците и се останато е во втор план.

    Се изнаслушавме разни анализи, вистини и полувистини за причините за иселувањето, за природата на проблемот, за коректноста и некоректноста на владите на европските земји, за отвореноста и затвореноста на границите и.т.н. Анализите водат дури до 1738 година и протерувањето на масонеријата од католичката црква, сега демек масоните се реваншираат со амбиција да се уништи католичката црква, христијанството, и воспоставување на едноумие. Намалување на значењето на темелните вредности на нашето општество како што се татковината, идентитетот и народот, надминување на националниот егоизам, и во преден план воспоставување на општи интереси кои ќе имаат за цел нова политика на срдечност и  добредојде, и конечно со употреба на мека и тврда сила, претставување на Европа како нов светски поредок во мало. Звучи многу познато зарем не?

    По се што ни се случува, јасно е дека ова не се вонредно случувања, туку  долговремено планирана стварност. Како поинаку да се објаснат прифатните центри околу Шид во Хрватска направени дури пред една година, разноразните најави од светски државници за надоаѓање на бегалска криза, афирмирањето на зборовите на Гадафи непосредно пред неговата егзекуција итн.

    Како што европските лидери се однесуваат кон бегалскава криза, ги затвараат границите, полесно им е да ги критикуваат оние кои демек не можеле да се справат со кризата, и се плашат работите да ги наречат со вистинско име, така и ние, нема да се зафатиме со работа, сите да почнеме да работиме од Македонија да направиме пристојно место за живеење, туку ќе се занимаваме со Специјалната и ќе очекуваме да ни ги реши работите и да ни обезбеди место под сонцето.

    Сепак, Спацијалната ми влева еден оптимизам и се надевам дека работите ќе се придвижат нанапред. Оптимизмот го гледам во храброста, интелегцијата и љубовта која нашиот граѓанин ја има. Се надевам дека Специјалната бескомпромисно ќе се зафати со работата која и е доверена и која по закон треба да ја спроведе, понатаму следејќи го нејзиниот пример, судството да се ослободи од сите стеги кои му пречат за нормално судење и расудување, впрочем не треба ништо друго туку да си ја врши својата работа, и еднаш засекогаш да испрати абер до секој од нас дека основните начела и принципи на една дршава се законите кои мора да се почитуваат. Конечно сите ние, секој граѓанин на оваа наша напатена држава, поучен од претходниве два примера да почне да ги почитува законите и редот во државата и верувајте само тоа е сосема доволно Македонија да се придвижи нанапред и да си го најдеме своето место под сонцето.

    Нека започне една нова ера во функционирањето на државата, од Гевгелија до Куманово, почитување на државата и законите насекаде е основниот предуслов за нормално живеење.

    Драган Митевски Драган Митевски, член на ЛДП

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*