×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ШТО, КАКО И ЗА КОГО

    Мирослав Трлин

    Сето тоа во услови на пазарна економија, државата има покрај начелото на еднакви услови и обврска да ги утврди правилата на игра на стопанските активности, и да обезбеди спроведување на законот, правила за заштита и промовирање на слободен пазар, и спречување на непотребно мешање во пазарот од страна на државата.

    Но каква е состојбата кај нас во овој период, дали оваа власт знае да одговори на овие три клучни прашања?  Дали во Македонија може воопшто да се зборува за економија  во услови на огромна невработеност и сиромаштија, на селективно однесување кон економските субјекти, и на бројни нелогичности во водењето на и онака кревката македонска економија.

    Дали се оваа програмските резултати од изборната програма 2006 и надоградена 2008, ветени и постигнати од страна на власт? Ако Ви е оваа зенитот во економијата, држејќи ги граѓаните на работ на егзистенција и во проектирана сиромаштија и безработица за да со него полесно манипулирате во периодот на земање на мандат, тогаш е навистина време да си одите од власта.

    Во период на Вашето владеење можеме да заклучиме дека најуносен бизнис во Република Македонија е бавење со политика, како привилегија на луѓето блиски до власта, а сите останати граѓани се во фаза на “превоспитување” со помош на скапите рекламни спотови, за да полека разберат колку им е убаво, но само е потребно време да тоа го почувствуваат.

    Во нормални држави економијата е таа која диктира каква политика да се води, за разлика од кај нас каде што политиката  условува каква економија ќе имаме.Во нормалните држави власта е во службата на граѓаните, кај нас граѓаните се во служба на власта. Во нормалните држави голем број на граѓани не знаат кој им е премиер или претседател, но уживаат во своите граѓански и работнички права, и веруваат во иднината на својата држава.                                                                                      

    Кај нас работите стојат поинаку.  Кај нас сиромашните и невработените, но и тие што по некоја случајност имаат работа, не гледаат  иднина, не гледаат излез од состојбата, која за жал е генерирана од неспособните самобендисани властодршци, кои ако останат и понатаму на чело на оваа држава докрај ќе си ја остварат својата цел – лично богатење.

    За среќа во оваа држава има уште способни ,чесни и спремни луѓе, да се прифатат во решавањето на овие проблеми со кои се соочува државата. Тука пред се мислам на сиромаштијата и на невработеноста, и со помош на компаративните предности што ги има Република Македонија со својата геостратешка позиција, а врз основа на партиската  програма за решавање на овие најчувствителни проблеми.  НСДП се чувствува повикана да даде свој придонес во надминувањето на овие за држава сериозни проблеми, ставајќи и се притоа во службата на граѓаните на Република Македонија.

    Дипломиран економист, член на ЦО на НСДП и министер за економија на Влада во сенка

    Мирослав Трлин

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*