×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СТОП за говорот на омраза!

    Сашо Тодоровски

    Деновиве сме сведоци на едн црвен аларм кој е вклучен, и вжештување на социјалните мрежи до максимум кои служат како поле за пресметка во политичките настани.Говор на омраза и разноразни злонамерни коментари.

    Говорот на омраза измиантиве неколку години е длабоко присутен во нашево општество и за жал истиот се уште е несанкциониран. Можеби некому му делува смешно и не толку страшно доколку некој навредува,се заканува, шири омраза на некоја вест од некој портал или на социјалните мрежи но тоа е потполно исто како да излезете надвор на улица и истото тоа да му го кажете в лице на некој човек. Апсолутно нема никаква разлика. Вие сте тој и на социјалната мрежа и надвор од неа.

     Што е уште пострашно не значи дека доколку можеби некогаш во живо се сретнете со лицето на кое преку социјалните мрежи му се заканувате нема да ја извршите вашата замисла?!?

     Впрочем тоа го видовме минатата година на 27 април кога таканаречените ,,мирољубиви повици,, за спас на татковината ќе значеа смрт за голем дел од пратениците на СДСМ. Имвме среќа што целата таа залудена, наелектризирана атмосфера помина без жртви. А се започна преку говорот на омразата кој изгледаше или се чинеше забавен за еден дел од граѓаните.Бидејќи ситуацијата е крајно сериозна мислам дека е потребно малку да пораснеме како нација и сите ние да се надраснеме како граѓани, да се оттргнеме од говорот на омраза кој е насекаде околу нас. Последниве случувања со Законот за јазиците покажуваат дека уште многу треба да учиме и да се запознаваме. Во ред е да се кажат  и да се имаат спротивставени размислувања и ставови, во ред е да не се слагаме со нешто, тоа е здраво и потребно за една демократија, ама јавно да повикуваме на линч, на колење, бесење и набивање на колец навистина е несвојствено за земја и граѓани кои се стремат кон европски вредности. Навистина не е нормално во јавниот простор да се служиме со несоодветен речник и злобни коментари без разлика дали се однесуваат на политичар, јавна личност или било кој друг граѓанин. Потребно е да помислиме дека сите тие луѓе имаат семејства, а и сите тие кои шират говор на омраза исто така.Па нели ни доаѓа некогаш да се запрашаме дали е етички тоа што го пишуваме. Јасно е дека тоа го прават поединци, но жално е што дел од тие поединци се членови и активисти на партија која има претставници во македонското Собрание. Досега не слушнав некој од парламентарците на ВМРО-ДПМНЕ да ги осуди таквите изливи на омраза. А би требало. Така не се сака државата, а уште помалку се унапредува.Време е да почнеме да се обединуваме и помируваме, а не да се разединуваме. Исто така мора да се изнајдат механизми во државата тие изливи на омраза да се спречат барем во јавниот простор. Има начини само треба да се сака да се дојде до решението.

    Сашо Тодоровски Сашо Тодоровски, портпарол на СДСМ Куманово.

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*