×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Водоснабдувањето во Куманово

    Александар Арсиќ

    Деновиве го слушам и читам соопштението на Водостопанство во кое се изнесува состојбата во претпријатието, па бидејќи текстот е јавен, ме натера на некои размислувања кои би сакал да ги споделам со граѓаните на Куманово. Да ги погледнеме работите од друг агол и заедно да дадеме одговор на некои прашања.

    Соопштението започнува со една голема мисла, која вели дека Водостопанство презело мерки, акумулацијата Глажња да биде полна со вода, и да има доволна количина вода за водоснабдувањето на градот. Но, неодамна беа давани изјави на раководителите на истото претпријатие, дека во текот на зимата пред да падне снегот, кој го имаше во обилни количини, дека езерото Глажња се наоѓа на биолошки минимум. Се поставува прашањето кај сите граѓани: Зошто тогаш претпријатието не ги презело истите мерки, туку ги остави кумановци да стрепат дали ќе има вода за основните животни потреби? Или можеби треба и јас како советник во Општина Куманово да дадам соопштение дека презедов серија на мерки, го пратив снегот да паѓа, да се истопи и да ја наполни браната.

    Интересна е и информацијата дека индустрискиот вод и т.н. бај пас, кои се во сопственост на Водостопанство „Кумановско-Липковско поле„, се наоѓаат во многу лоша состојба и губат многу вода, па во летниот период не можат да се користат. Тоа значи дека кумановци пак ќе останат без вода или во најмала рака ќе има недостаток на вода и ќе се дополнува од селските чешми, на добро познатиот начин - во туби. И замислете виновникот е најден. Веќе претпоставувате, тоа е ЈП „Водовод„. Иако Водостопанство е сопственик на старите водови, виновникот е некој друг. Недоволно биле подмирени финансиските обврски. 

    Работа на „Кумановско-Липковско поле„ е да ја достави водата до „Водовод„, а оваа пак до граѓаните. Сега се поставува прашањето: Зошто нас како граѓани што си ги подмируваме нашите обврски кон ЈП „Водовод„ не' интересира на кој начин вие ќе ја доставите водата до ЈП Водовод? Или можеби треба да кажеме дека хирург ќе оперира до половина, а втората половина ќе си ја заврши самиот пациент, бидејќи на докторот толку му било платено.        

    Ако Водостопанство „Кумановско-Липковско поле„ има проблеми со ЈП „Водовод„ постои закон, постои суд, па правна држава, која ќе пресуди каде е проблемот. Некој во оваа независно судство зема плата за такви работи. Или пак има проблем. Можеби нема кој да пресуди праведно. Пак ново прашање: Постои ли независно судство и правна држава?

    Се додека проблемите не се решаваат институционално и со помош на органите на државата, ние граѓаните ќе треба да стрепиме какво соопштение ќе слушнеме на вести, што утре ќе ни се случи ни криви ни должни. 

    Што се однесува на апелот до Советот на Општина Куманово за помош во решавање на проблемот секако дека со внимание ќе го проследам, но секако нема никогаш да ги ставам кумановчани во брануваната вода за поголема цена. Куманово мора да има вода за пиење.

    Вака поставувајќи ги работите, кога не можеме да обезбедиме вода на граѓаните се поставува и најважното прашање: Дали во Европа ќе не водат сериите на Сулејман Величествениот, неподвижните статуи или фалангите на Александар?

    Советник од СДСМ во Совет на Општина Куманово

    Александар Арсиќ Александар Арсиќ, координатор на советничка групана СДСМ и коалицијата Сојуз за иднината

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*