×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Fiore

    ВРЕМЕ Е ЗА НЕШТО НОВО

    Виктор Божиновски

    Веќе подолг временски период, можеби повеќе од 10 години, додека сериозно бев вклучен во политичките процеси, па и сега кога се занимавам со приватен бизнис но се уште сум вклучен во одредени политички процеси, тврдев и се уште тврдам дека во Македонија е дојдено време за предизборна коалиција помеѓу политички партии кои имаат иста идеологија, кои делат исти политичаки вредности и чија основна политичка цел е интеграцијата на Македонија во Европската Унија.

        Целта влез во НАТО е веќе остварена, и тогаш, не сите, ама мнозинството од партиите покажаа разбирање дека евро-атлантската интеграција на Македонија е единствениот пат по кој мораме како држава да се движиме.

        Сега е време да се појде по патот на интеграцијата на Македонија во Европската Унија. Сосема е јасно дека главен “кочничар“ на овој процес е Бугарија, ама бидејќи се работи за членка на Европската Унија, таа е подржана од своите сојузници, членки на Европската Унија, пред се Франција, но и Холаднија, и едноставно ние како држава мора да направиме нешто во врска со ветото на Бугарија кое не стопира на европскиот пат.

        Во јавноста, веќе подолго време се шпекулира дека иако во моментот ДМПНЕ нема да гласа за уставни измени со кои и Бугарите ќе станат дел од Уставот на Македонија, покрај Црногорците и останатите делови од други народи кои живеат во Македонија, тоа нема да го сторат ниту во ситуација после парламентарните избори случајно, не дај Боже, да станат власт во државата. Ваквиот заклучок произлегува јасно од изјавите на “првенците“ на ДПМНЕ кои даваат јавни изјави дека ќе го решат проблемот со Бугарија, ама не даваат предлог како тоа да се спроведе во реалност, бидејќи основната пресумција е дека тие ќе ја менувале Спогодбата за пријателство со Бугарија, која е меѓународно ратификуван документ кој не може да се менува без согласнот на двете страни, а впрочем, ќе барале измена на договорот, што е правно невозможно.

        Како што кажав и на почетокот, навистина е време за нешто ново.

        СДСМ со своите традиционални коалициони партнери како ЛДП, НСДП и останатите партии, треба и мора да направи ПРЕДИЗБОРНА коалиција со ДУИ, Алијанса на Албанците, по можност и со ГРОМ за да се создаде единствена партиска и политичка платформа чија цел ќе биде оформување на 2/3 мнозинство за успешно донесување на амандманите на Уставот на Македонија, без разлика дали тоа го сака ДПМНЕ или не, сепак ќе мораат да гласаат, па по цена и да ја лажат меѓународната заедница како тоа со години го правеше Груевски. Ама се си има свој крај.

        Единствено предизборна коалиција на СДСМ со своите традиционални партнери  и со ДУИ и Алијанса на Албанците може да обезбеди сигурно парламентарно мнозинство кое стабилно ќе управува со државта и ќе не поведе кон европскиот пат на државата.

        Сосема сум свесен дека Македонците имаат проблем со гласање за албански политички партии, и обратно. Ама, мое длабоко убедување е дека Македонија треба да стане граѓанска држава, без оглед на етничкиот состав на членството на партиите и оттука произлегува потребата за првпат да се формира предизборна коалиција на партии кои имаат мнозинско македонско и албанско гласачко тело и да се создадат услови за изгасување на неопходните уставни измени.

        Според мене, ваквиот исход од парламентарните избори може да доведе до стабилно парламентарно, а воедно да биде и првата мултиетничка предизборна коалиција со што Македонија ќе докаже навистина дека е мултиетничко општество кое е самостојно способно да донесува крупни одлуки за својата иднина.

    П.С. Политичките маргиналци како Апасиев и Димитриевски во една ваква ситуација воопшто нема да се прашуваат за ништо што е исклучително добро за државата.

     

    Виктор Божиновски адвокат

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*