Секој од нас може да се запраша: Како е можно медиокритети да бидат на државни функции и да одлучуваат за нашите животи? Зошто најдобрите кадри ги нема на партиските листи? Како е можно луѓе со неоспорен интелектуален капацитет, да бидат успешни во странство, а во Македонија за нив да нема место ниту во општинските администрации?
Одговорот е многу едноставен. Со поставување на медиокритети на сите одговорни фунции, странците спроведуваат свои агенди и планови. Нивната улога е да наместат таква личност во врвот на голема политичка партија, со тоа и на одговорни места во владата. Кога тоа ќе успеат да го реализираат, со природна реакција и негативна селекција, шефот бира и назначува соработници, скроени по негова мерка.
Како се врши избор на соработници на шефот, најдобро објаснува Милан Лане Гутовиќ, кој вели: „ Да изберете будала за соработник е непродуктивно, од проста причина, бидејќи е будала. Да изберете паметен човек е поинаква мака. Тој разбира што работите. Поседува интегритет и најважно не молчи. Најдобро е да изберете медиокритет. Тој е прилагодлив, и најважно, секогаш молчи и се одобрува. Како вели нашиот народ, тој поседува карактер на берберска столица. На таа столица може да се прилагоди секој задник. Медиокритетот е флексибилен. Прифаќа поинакво мислење, без размислување. Тој не е многу користен, но поради тоа и лесно се елиминира.“
Кога ќе спроведете избор на медиокритети добивате слика на политичка состојба во државата.
Шефот: Го прададовме името на државата.
Службеници: Супер. Одиме напред.
Шефот: Ќе го шитнеме и македонскиот јазик.
Службеници: Браво шефе. Не ни го треба, кога ве имаме вас за лидер.
Така може да наведуваме до бесконечност и назад. И пак ќе дојдеме до прашањето : Зошто медиокритетот така реагира? Како е можно да постојат луѓе без достоинство?
Мене лично ми стана јасно пред два дена. Додека го гледав филмот „Пиратите од Кариби“, по 57-ми пат. На 23 минута и 15 секунди, од малиот чамец, на 10 метри од крајбрежјето, паднаа во вода двајца англиски морнари. Од давење ги спаси локалното население, иако беше доволно два пати да замавнат со рацете и да стигнат до брегот. Во тој миг ми текна колку режисерот внимавал на најситните детали во филмот. Бидејќи првото правило да бидете примени во морнарицата на Нејзиното Височество е да не знаете да пливате.
Кога првпат се сретнав со овој податок бев збунет. Но, постои совршено објаснување. Пливач може да го напушти бродот и да избега кога ќе наиде опасност. Непливачите по секоја цена остануваат на палубата, и до последна капка крв го бранат бродот од непријателот.
Затоа, службениците на нашата администрација по никоја цена не можат да бидат„пливачи“. Тие мора да бидат медиокритети.
За да дознаеме од каде доаѓа оваа филозофија на искористување на максимален потенцијал на луѓето, не е доволно да истражуваме психологија, историја или литература на војната стратегија, уште помалку книги од социологија и општествени науки. Доволно е да прочитаме писмо, упатено од страна на лорд Макартни, намесник на Нејзиното Височество во Кина, до лордот на адмиралитетот на Велика Британија од 1843 година. На почетокот на првата опијумска војна, Макартни објаснил начин на делување кој треба да се примени за доминација над кинеската империја. Во кратки црти го објаснил проблемот и начинот како истиот да се реши. Во писмото, кое се чува во англиските архиви, дословно стои: „ Кинеското царство е стар, огромен, првокласен воен брод, кој во последни 200 години, благодарејќи на среќни околности и способни, будни службеници, го одржуваат на површината и ги застрашуваат соседите со својот изглед и големина. Се тоа може да падне во водата, кога тој стар ,но моќен брод, го преземат нечесни и неспособни службеници. Тој брод ќе почне да плови кон брегот каде ќе се разбие на парчиња. Нашата работа во Кина е првенствено да работиме на промоција на нечесни и неспособни службеници во кинеската администрација.“
Ова е типична доктрина на геополитичко делување, некогаш на империјата зад која Сонцето никогаш не заоѓа, а денеска на таканаречениот Запад и меѓународната заедница.
Кога ќе ги согледаме низ оваа призма состојбите во нашиот град, се станува кристално јасно.
Кога сме имале чесни, способни и школувани кадри, сме имале луѓе во фабрики, како ФЗЦ, кои правеле цевки за гасоводи и нафтоводи во Русија. Постоеле инженери кои учествувале во градење на подземни градови во Ирак. Другите работеле на најголемиот водоводен систем на светот во Либија.
Денеска, кога во врвот на администрација имаме нечесни и неспособи луѓе, со купени дипломи, за кои врв на интелектуален напор е да напишат писмо на мајка си, имаме дострели во вид на три канти за одпадоци, плави ступчиња на тротоари и една монтажна гаража насадена во центарот на градот.
Тоа е парадокс на денешнината. Злото кое ни е наметнато.
Решението за нашите проблеми е многу едноставно. Потребна е промена на парадигмата и да делуваме обратно пропорционално од британската стратегија. На избори да гласаме за способни и паметни луѓе или сите колективно да се иселиме од Куманово. Трето нема.
Гласајте за баба Ружу.
Милош Стаменковиќ Милош Стаменковиќ
*Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*