Постојат големи и непремостливи разлики помеѓу партиите во нашата држава. Различни светогледи и размислувања доминираат во ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Нормално е партиите да имаат различни платформи по кои функционираат, но за одредени теми од суштински и национален карактер потребно е да постои кохерентност. Легитимна цел на секоја партија е победа на избори ,формирање на Влада и управување со државата,но како до реализација на таа цел,во Македонија постојат дијаметрално спротивни гледишта детерминирани пред се,од различните идеолошки матрици. Во СДСМ очигледно е дека доминира едно салонско и кариеристичко сфаќање на политиката. Се е сведено на отуѓениот поединец,кој низ годините во партијата е воспитан да размислува дека политиката е привремен ангажман, за време на кој треба добро да се испазарите,за да ја максимализирате личната добивка ,простор во кој делувате конформистички,чекате да дојдат вашите пет минути за да поентирате ,без да поседувате принципи а најмалку скруполи за било што.
Деновиве можевме да прочитаме две интересни анализи во Утрински весник. Едната е за техничкиот Премиер г-дин Емил Димитриев,предводник на Влада со задача за организација на предвремените парламентарни избори, а другата е за Никола Груевски,претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Во овие два текста јасно може да се препознаат плановите на опозицијата,а тоа е вредносно издвојување на Емил Димитриев од Никола Груевски со цел фаворизирање на првиот а деградирање на вториот. Поставени беа два дијаметрално спротивни политички профили ,едниот добар на Емил Димитриев а другиот контроверзен и интригантен на Никола Груевски. Во текстот за Емил Димитриев презантирани се карактеристики на скромен човек од внатрешноста(Пробиштип) кој не заборава на својот крај и затоа продолжува да живеее таму и да патува секој ден на своето работно место во Скопје. Во текстот( Емил Димитриев се уште живее во семејната куќа заедно со родителите,сопругата,двете деца и братот со неговото семејство. 03. 02. 2016 –Иван Бојаџиски) е забележлива една нагласена леснотија во опишувањето на една стабилна личност,која стои цврсто на земја и е почитувана од соседите,личност која презела голема одговорност. И покрај ноторната вистина сепак намерата на текстот не е за да се афримира Емил Димитриев,туку да се постави како антипод на Никола Груевски со што ќе се отворат многу дилеми. Во текстот за Никола Груевски(Во последните 15-на дена откако замина од владата, Никола Груевски и од позиција на лидер на ВМРО-ДПМНЕ е секојдневно присутен во јавноста. 03. 02. 2016-Александра М. Митевска),веднаш се остава впечаток дека се работи за човек кој не може да се помири со фактот, што веќе не е премиер и затоа тој, роб на својата страст, продолжува да се однесува во јавноста како ништо да не се променило. Политичар кој е зависен од моќ и влијание и кој ќе направи се само за да се врати на премиерската позиција. Го сликаат како седи во Скопје и се занимава со сплеткарење и интриги,јавно настапува како премиер се со цел да ги задржи своите позиции,да не дозволи некој да му го преземе приматот. Во текстот подкрепен со изјава на еден аналитичар близок до СДСМ, се алудира на една дворска средина каде што главен лик е Никола Груевски ,кој продолжува да нaстапува како премиер, со што се потенцира неговата опсесија со оваа функција. Секако целта на ваквите текстови кои не случајно се нашле во ист број и имаат компаративна функција,може да се препознае и да се сведе на три работи:
Уште на првиот ден, од најавата за инаугурацијата на новата техничка Влада,предводена од Емил Димитриев, во емисијата ВИН-ВИН кај Оливера Трајковска,Стево Пендаровски, претседателскиот кандидат на СДСМ, откако најпрвин се обиде да го делегитимира Емил Димитриев,продолжи со жалење да предвидува, дека тој нема да има капацитет и храброст да се наметне како лидер и да се отргне од влијанието на Никола Груевски. Тој со тоа на некој начин и најави кои ќе бидат едни од целите на СДСМ, а тоа е сериозно да притиснат ,ако може и со помош од страна на тоа во пред-изборниот период амбициите кај Емил Димитриев да пораснат, со што ќе се почуствува посилен и ќе посака да ја преземе власта.
Со ова СДСМ, по кој знае кој пат ,покажува дека не може да излезе од заблудата за што самата си е виновна, заблуда произлезена од нивниот крајно лукративен политички резон кој има доктринарна тежина за СДСМ и проповеда дека сите луѓе во политиката, егзистираат за да ја зграпчат шансата за себе и максимално да ја искористат,политика која води кон крајно опортуно и макијавелистичко поведение. Тие упорно тргнуваат од таквата претпоставка и грешат многу, посебно околу дефинирањето на ВМРО-ДПМНЕ,идеологијата на ВМРО,вредностите и луѓето кои се душата и силата на политичката организација. СДСМ не веруваат дека патриотизмот ,одговорноста и љубовта кон сопствениот народ,кон семејството и заедничките предци,почитта спрема државата и идејата за силна и просперитетна Македонија се начела по кои се водат македонците. За нив тоа е фикција ,колективистичка илузија која се користи од политичарите од десницата за да манипулираат со чувствата и стравовите на граѓаните. По се изгледа дека многу е мала веројатноста да поверуваат ,затоа и граѓаните се помалку ги препознаваат како свој претставник,посебно последниве година дена, што драстично ќе се одрази на резултатите на предвремените избори, на кои уште еднаш ,ќе се потврди огромната поддршка за ВМРО-ДПМНЕ.
Дејан Ристов Дејан Ристов, политиколог
*Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*