×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бензините поскапи за половина, дизелот за еден денар

    14.06.2021 13:38 | KumanovoNews

    Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска одлучи да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати, просечно за 1,15 отсто, односно од половина до еден денар.

    Бензините поскапи за половина, дизелот за еден денар

    Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 0,50 денар/литар, додека малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар/литар.

    Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,348 ден/кг и сега ќе изнесува 35,237 ден/кг.

    Од вечер на полноќ бензинот Еуросупер БС - 95 ќе се продава по 68,50 денари/литар, бензинот Еуросупер БС -98 по 70,50 денари/литар, а Еуродизел БС (Д-Е V) ќе чини 61,50 денари/литар. Екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 61,00  денар за литар, а мазутот М-1 НС 35,237 денари за килограм.