×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бугарија не е фашизам, туку наш пријател, Југославија не` држеше разделени, вели Заев во интервју за „БГНЕС“

    25.11.2020 17:33 | KumanovoNews

     Премиерот Зоран Заев кажа дека веќе се сменети повеќе од 20 табли во Македонија, на кои што пишувало „бугарски фашистички окупатор“ и вели дека Бугарите не се фашисти, туку нашите пријатели, во интервју за бугарската агенција „БГНЕС“, пренесува СДК.МК.

    Бугарија не е фашизам, туку наш пријател, Југославија не` држеше разделени, вели Заев во интервју за „БГНЕС“

    Заев тврди дека за време на Втората светска војна Бугарите биле администратори на почетокот, но потоа се приклучиле на антифашистичкиот фронт и бугарските и македонските војски заедно ги ослободиле Крива Паланка, Куманово и Скопје.

    „Имало некоја администрација во тој момент, на почетокот. Потоа Бугарија се дигна заедно со антифашизмот, се бори за слобода, за демократија и неспорно е дел од антифашистичкиот фронт. Бугарски и македонски војски ослободуваа територии – Крива Паланка, Куманово целиот регион, Скопје. И тоа е еден убав дел од нашата историјата“, кажа Заев во интервјуто.

    Потсетуваме дека окупаторот Бугарија „администрираше“ со Македонија од април 1941, веднаш откако нацистичка Германија ја освои Југославија, па сè до септември 1944, кога Црвената армија почна да навлегува на бугарска територија. Тогаш во Бугарија се случи преврат и ја смени страната, објавувајќи ѝ војна на Германија. По војната, Бугарија како агресор беше задолжена да ѝ исплати 25 милиони долари (360 милиони денешни долари) воени репарации на Југославија, но во 1947 година Тито, за кого бугарската министерка Екатерина Захариева вели дека бил мрачен диктатор, им ги прости репарациите на Бугарите.

    Македонскиот премиер понатаму во интервјуто за „БГНЕС“ вели дека политичарите од бивша Југославија ги држеле Бугарите и Македонците разделени.

    „Задолжение е на сите граѓани, а најмногу на нас политичарите, да ги зближиме нашите народи, зашто долги години беа држени оддалечени еден од друг. Различни власти, посебно во времето на бивш Југославија. Но, ние треба да бидеме заедно, затоа што сме први соседи. Знаете, јас сум од Струмица. Петричани и струмичани зборуваат ист јазик, толку сме блиски. Тоа е македонски или бугарски јазик?“, прашa Заев и уште еднаш повтори дека Југославија нè разделувал.