×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Честитка од министерот Спасовски по повод 8 Септември

    08.09.2022 10:45 | KumanovoNews

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упати честитка по повод Денот на независноста, со порака дека предизвиците коишто сме ги надминале во три деценискиот развој на нашата држава ни даваат мудрост да продолжиме со вложувањето во таа мисла за слободна и самостојна држава, за којашто нашите предци го дале најскапоценото - својот живот. 

    Честитка од министерот Спасовски по повод 8 Септември

    „Денеска може слободно да кажеме дека изградивме држава во која има сигурно место за сите нас. Едно општество ослободено од предрасуди, со воспоставена социјална правда, солидарност кон ранливите, грижа за културното наследство, за животната средина. Носиме нови инвестиции, носиме нови знаења, нови технологии, отвораме нови пазари за македонските производи, за повеќе работни места и поквалитетен живот во секој поглед.

    Изградивме држава во која правото владее неселективно. Создадовме полиција од европски ранг и воспоставивме ред, правда и дисциплина, а државата ја позициониравме како фактор за стабилност и безбедност во регионот.
    Ја исполнивме највисоката државна стратешка цел – членство во НАТО и на последен чекор сме до исполнување на втората - во преговори сме со ЕУ за полноправна асоцијација во европското семејство.

    Обединети сме во слободата, а чувањето на независноста е наша заедничка обврска, и токму носењето мудри одлуки и исполнувањето на потребите на граѓаните преку државни институции со интегритет и кои ги следат современите европски и светски трендови за унапредување на квалитетот на животот на сите граѓани, притоа гарантирајќи ја сигурноста на секој еден, е највисок чин на патриотизам.

    Нека е честит и вековит 8 Септември“, стои во честитката на министерот Спасовски.