Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Македонија досега се потврдени 4 случаи на делта сојот, а за уште четворица други граѓани се чекаат резултати.
Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека во трите од потврдените случаи лицата се со лесна клиничка слика, а во четвртиот, пациент од Велес е хоспитализиран. Што се однесува до четирите случаи за кои се чека резултат, според Филипче, едниот пациент е во потешка состојба и е приклучен на респиратор во болница во Скопје.
Ниту еден од ковид позитивните пациенти кај кои е изолиран делта сојот не е вакциниран.
„По направените анкети со пациентите утврдено е дека никој од нив не примил ниту една доза вакцина, односно ниту се вакцинирани, ниту ревакцинирани. Од вкупниот број позитивни пациенти, кај кои е утврдено присуство на делта сој, само еден е во многу тешка состојба. Станува збор за пациент, кој 8-9 дена откако појавил симптоми на ковид-19, одбивал да оди на лекар и бил во домашна изолација. Во моментов се вршат епидемиолошки анкети на останати членови од семејството на двајца од хоспитализираните пациенти, кои живееле во заедница и возможно е да се утврди и кај нив присуство на индијски сој на вирусот“, соопштува Министерството.
Тие апелираат до граѓаните за што помасовна вакцинација, како и придржување кон основните препораки за заштита од ковид-19.