Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пратениците од Собранието денеска ќе се вакцинираат во „А1 арената СЦ Борис Трајковски“, соопштува Министерството за здравство. Вакцинацијата ќе се одвива во три групи, односно од 10 до 18 часот.
„Вакцинирањето на пратениците и вработените во Собранието е од клучна важност за нормално функционирање на законодавниот дом и непречено носење на закони во интерес на граѓаните. Од почетокот на имунизацијата во нашата земја, согласно Националната стратегија таргетирани се три главни приоритетни групи со цел да се обезбеди функционирање на здравствениот систем, да се заштитат лицата со најголем ризик од заболување, компликации и смрт, како и да се одржат основните услуги на критичната инфраструктура“, се вели во соопштението.
Во „Борис Трајковски“ во тек е вакцинација на возрасни лица од 73 и 74 години, а во здравствените домови низ државата се вакцинираат лица постари од 73 години.
„Веќе следната недела со доаѓањето на нови дози вакцини ќе има измена на приоретизација и преминување на приоритетните или субприоритетните групи од една во друга фаза на вакцинација, соопштува Министертсвото.
Министерството за здравство апелира до граѓаните кои сакаат да се вакцинираат да се пријават на vakcinacija.mk“.