×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    Генерален штрајк во јавниот сектор, ССМ и Владата не се договорија за покачување на платите

    21.06.2022 15:19 | KumanovoNews

    Преговорите со владините претставници не вродија со плод. Сојузот на синдикати на Македонија утре дефинитивно излегува на штрајк со кој ќе го изрази незадоволството по однос на недоговореното денеска, а тоа е линеарно покачување за сите по 2.806 денари и утврдување на регрес во јавниот сектор од 30 до 100 проценти од просечната плата.

    Генерален штрајк во јавниот сектор, ССМ и Владата не се договорија за покачување на платите

    „Тие не ни понудија ништо друго, не ни понудија ништо освен правење одредени комисии каде што ќе се усогласи методологијата, убедувајќи не дека административниот службеник и давателите на јавни услуги се непродуктивни работници, што не е така. Тие се сервис на граѓаните, ние од нив користиме услуги. Тие достоинствено си ја работат работата и сметаме дека дојде времето нашето незадоволство да го искажеме на улица“, рече по средбата со владините претставници претседателот на ССМ Дарко Димовски.

    Тој додаде дека утре како ССМ ќе излезат на улица, ќе наредат 120 столчиња пред Собранието, каде од пратениците ќе бараат да го прифатат нивниот амандман на ребалансот на Буџетот за линеарно зголемување на платите за 2 806 денари, како во јавниот, така и во приватниот сектор.

    2008 - 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk