Германија од 25 јуни ќе дозволи влез на целосно вакцинирани
18.06.2021 18:12
| KumanovoNews
Германија од 25 јуни ќе им дозволи влез во земјата на граѓани од земји кои не се членки на ЕУ ако се целосно вакцинирани против ковид-19, освен ако доаѓаат од ризична земја, соопшти германското министерство за внатрешни работи.
„Патувања за посети и туризам ќе бидат возможни повторно за вакцинираните луѓе“, велат од министерството, додавајќи дека втората доза треба да биде примена најмалку 14 дена пред патувањето.
Ова олеснување важи за вакцинирани со вакцини одобрени од Европската медицинска агенција, а такви засега се вакцините на „Фајзер“, „АстраЗенека“ и „Џонсон и Џонсон“.
Македонија беше тргната од листата на ризични земји во неделата, на 13 јуни.