Голем интерес за новиот оглас за полициски службеници, за 600 слободни места конкурирале скоро 3000
Во Центарот за обука на МВР, започна фазната селекција за полициски службеници, во рамките на новиот конкурс кој беше објавен од крајот на месец декември минатата година.
На конкурсот се пријавиле вкупно 2964 кандидати, од кои 2365 се мажи а 599 жени.
„Оваа бројка е далеку поголема од онаа од последниот јавен оглас, кога имавме вкупно 2391 пријавен кандидат. Тоа доволно говори и за евидентниот зголемен интерес кај младата популација, но и за своевидниот имиџ што нашето министерство го има меѓу оваа категорија на граѓани“, рече министерот Оливер Спасовски, при посетата на Центарот.
По сите физички проверувања, следува психолошки тест за проверка на интелектуални и емоционални способности па писмено тестирање во вид на општообразовен тест.
(Д.Д.)