×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Граѓаните кои викендов се вакцинираа да бидат внимателни, треба време да се создаде имунитет, апелира Министерството за здравство

    29.03.2021 08:38 | KumanovoNews

    Сите граѓани кои веќе ја примија првата доза на вакцината „АстраЗенека“, како и оние кои следните денови ќе се вакцинираат, треба да бидат исклучително внимателни и да продолжат да ги почитуваат мерки, бидејќи е потребно време за да се создаде имунититет, велат од Министерството за здравство.

    Граѓаните кои викендов се вакцинираа да бидат внимателни, треба време да се создаде имунитет, апелира Министерството за здравство

    „По примање на првата доза од вакцината, потребни се до три недели да се создаде имунитет. Ова значи дека сите кои примиле деновиве вакцина треба да се исклучително внимателни следните недели и да продолжат да ги почитуваат мерките за лична заштита, како носење маска, физичка дистанца и одржување лична хигиена“, објаснуваат од Министерството за здравство.

    Оттаму додаваат дека најчести несакани ефекти по примање на вакцината се: болка на местото на апликација, црвенило и чешање, покачена телесна температура, треска, главоболка, болки во мускули. Овие несакани ефекти се јавуваат кај 10 отсто од вакцинираните. Поретко се јавува алергиска реакцијa. Најчесто, несаканите ефекти се благи и краткотрајни и исчезнуваат еден до два дена по вакцинацијата.

    Викендов, илјадници македонски граѓани се вакцинираа во Србија со „АстраЗенека“, а од среда е најавено дека ќе почне и вакцинирање во Македонија со истата вакцина, откако денеска пристигна пратка со 24.000 дози.

    (сдк.мк)