×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кампања за безбедно возење на трактор и земјоделски машини

    09.09.2022 14:03 | KumanovoNews

    Септември е месец кога поинтензивно се одвиваат земјоделски активности, како гроздобер и сл., што значи дека ќе се зголеми бројот на земјоделски машини кои ќе се вклучат во сообраќајот на патиштата. Затоа, Републички совет за безбедност во сообраќајот (РСБСП) и МВР спроведуваат кампања „Безбедно возење на трактор и земјоделски машини“.

    Кампања за безбедно возење на трактор и земјоделски машини

    Целта на кампањата е подигање на свеста за одговорно и рамноправно учество во сообраќајот на возачите на трактори и земјоделски машини, подигање на свеста за управување на технички исправни и регистрирани трактори и други работни машини, свеста за нивна поголема видливост во сообраќајот, исправност на светлосните сигнални уреди, како и подигање на свеста на возачите на трактори за почитување на правилата и прописите во сообраќајот, но и за подигање на свеста кај останатите возачи на моторни возила за поголема внимателност во сообраќајот и почитување од нивна страна на возачите на трактори и другите земјоделски машини како рамноправни учесници во сообраќајот.

    Кампањата ќе се реализира на територијата на целата држава. РСБСП и МВР ќе организираат повеќе јавни настани за директна комуникација со возачите на трактори и земјоделски машини, едукација и превентивно предупредување од страна на сообраќајната полиција на возачите на трактори ‒ за нивно безбедно и одговорно учество во сообраќајот, и други активности.

    РСБСП упатува апел до возачите: Обрнете внимание на тракторите и земјоделските машини - и тие рамноправно учествуваат во сообраќајот, а на возачите кои управуваат со трактор и земјоделски машини им порачува: Возете технички исправни и означени трактори и други земјоделски машини, бидете видливи во сообраќајот и почитувајте ги правилата и прописите.