×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ковид-19 за девет месеци донесе огромни штети во превозот на патници

    27.11.2020 11:12 | KumanovoNews

     Како последица на ковид-19 пандемијата, превозот на патници во земјава руши негативни рекорди.

    Ковид-19 за девет месеци донесе огромни штети во превозот на патници

    Авиосообраќајот, железничкиот транспорт, меѓуградскиот и меѓународен автобуски превоз, како и јавниот превоз во градовите, бележат огромно намалување на бројот на превезени патници во првите девет месеци од годинава, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, пренесува Мета.мк.

    Во периодот јануари-септември 2020 година, градско-приградскиот превоз го користеле 31.210.000 патници, а само во третиот квартал со него биле превезени 9.186.000 патници. Ваквиот резултат претставува намалување на обемот на транспорт од над 21 милион патници во споредба со лани, кога во истиот период со јавниот превоз во македонските градови патувале 52.849.000 патници.

    Идентични лоши бројки бележи националниот и меѓународниот патнички превоз, со кој во првите девет месеци од годинава биле превезени вкупно 2.243.000 патници. Во идентичниот период во 2019 година со автобуси и комбиња меѓу градовите и во странство патувале вкупно 4.866.000 патници, односно ковид-19 пандемијата успеа за повеќе од два пати да го намали бројот на превезени патници. Притоа, најголемо намалување од речиси пет пати се бележи кај меѓународниот патнички превоз.

    Железничкиот патнички сообраќај бележи историски негативен рекорд. Наспроти минатогодишните 401.000 патници превезени со возови, во првите девет месеци од 2020 година се регистрирани само 189.000 превезени патници, без ниту еден патник што патувал во странство со воз годинава.

    Конечно, авиосообраќајот во земјава за првпат во изминатава деценија бележи намалување на бројот на превезени патници. Лани со авион во периодот јануари-септември 2020 година патувале 2.043.228 патници, додека воздухопловниот превоз годинава е сведен на 631.791 патници превезени од двата аеродрома.

    Статистичките податоци покажуваат големи штети од ковид-19 пандемијата и во товарниот превоз. Намалување на обемот на превезени стоки во првите девет месеци од годинава се бележи во товарниот патен превоз, воздухопловниот транспорт и товарниот железничкиот сообраќај.

    „Мета.мк“ веќе детално пишуваше за загубите што ги трпи авиосообраќајот во земјава, како и за автотранспортните претпријатија како резултат на корона кризата што ги погоди годинава. Штети од ковид-19 трпат и ЈСП-Скопје и приватните превозници во Скопје.