×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Flex Credit

    Македонците бегаат во странство, кај нас на гурбет доаѓаат Турци

    08.07.2022 12:28 | Жаклина Цветковска

    Македонците масовно се иселуват и одат на работа во странство за да обезбедат егизистенција и подобар живот. Таму, најчесто работат во градежништвото или во други области кои барат физичка работа, додека за истите во нашата држава постои недостиг, а „дупката “ се пополнува со работници од странски земји.

    Македонците бегаат во странство, кај нас на гурбет доаѓаат Турци

    „Развиените земји немаат рабoтна сила за потешки работи, за мануелни во трудоинтензивните и за занаетчиските работи, но за пополнување на овие нивни работни позиции постои интерес од граѓаните од балканските земји, заради попривлечните плати. Од друга страна, за овие работни позиции се јавува „дупка“ и на Балканот. Секако, тука се и здравствените работници, кои недостигаат во сите земји. Последица на овие случувања е една поинтензивна раздвиженост на пазарот на трудот каде газдите се во потрага по работници, а работниците по попристојна заработувачка“, стои во анализата на pari.com.mk.

    Во Македонија најголем итерес за вработување има од работници од Турција. Во 2021 година биле издадени вкупно 4.548 дозволи за работа на странци. Квотата  за 2022 година, пак, изнесува 5.000 работници, а  веќе се издадени  2.267 дозволи за работа на странци, од кои речиси 50% се за работници од Турција.

     „Работниците од странски земји, пазарот на РСМ го гледаат како можност, без разлика дали е тоа во градежништвото, или во производство. Ова докажува дека во Македонија има работни места, но сигурно треба повеќе работа“посочува министерот за економија Крешник Бектеши.

    Како што се наведува во анализата, големата заитересираност на турските државјани  за работа во Македонија е проблемот со постојаната и голема девалвација на турската лира, така што заработувачката постојано губи на вредност. Просечната нето заработувачка во првиот квартал на 2022 година во Турција изнесува  450 евра, бруто зарабoтувачката на месечно ниво е 575 евра, а минималната нето-плата е 245 евра.

    Од друга страна, податоците покажуваат дека Македонија има најголема стапка на невработеност меѓу земјите од Отворен Балкан, а во однос на просечната заработка се наоѓаме на средина, при што највисок е просекот во Србија, а најнизок во Албанија.

     

    2008 - 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk