×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Македонија слави 31 годинa независност

    08.09.2022 09:41 | KumanovoNews

    Македонија денеска го празнува 8 Септември, Денот на независноста. Пред 31 година беше одржан референдум на кој 95 отсто од граѓаните се изјаснија за самостојна и суверена држава. На овој ден од плоштадот „Македонија" беше прогласено дека Република Македонија е независна држава. 

    Македонија слави 31 годинa независност

    На овој пресвртен ден во историјата на Македонија му претходеше Декларацијата за независност усвоена од првото повеќепартиско македонско Собрание. Во јануари 1991 година пратениците го избраа Киро Глигоров за прв претседател на самостојна и суверена Република Македонија.

    Државноста на 17 ноември таа година беше утврдена со усвојувањето на Устав на Република Македонија, државата и монетарно се осамостои со воведувањето на денарот на 26 април 1992, како и со формирањето на вооружение сили.

    Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година, кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации државата беше примена како 181. полноправна членка на Светската организација под привремената референца Поранешна Југословенска Република Македонија. Причина за тоа беше противењето од страна на Грција на употребата на уставното име. 

    По децениски преговори во 2018 година со Преспанскиот договор Република Македонија го промени името во Република Северна Македонија, со што во заборав замина референцата ПЈРМ, а новото име стана задолжително за надворешна употреба, но и за внатрешна употреба за официјални личности, официјални документи и за државните институции.

    Во март 2020 година, откако Грција веќе не го блокираше евроатланскиот пат на земјава, Македонија стана членка на НАТО. 

    По повод Денот на независноста на Република Македонија денеска во 11 часот пред споменикот Жена борец во центарот на Куманово, свежо цвеќе ќе положат делегации на: борци, локалната самоуправа, политички партии, невладини организации и граѓани.