Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Македонија и другите земји од Западен Балкан се тргнати од германската „црвена листа” на земји во ризик за патувања поради корона вирусот.
Според новата листа која ја објави Институтот Роберт Кох, новите правила ќе важат од утре, а освен Македонија, поради намалувањето на бројот на новозаболени, од листата се тргнати и Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора.
Германскиот институт, исто така отстрани повеќе земји како: Австрија, САД, Канада, Ерменија, Азербејџан, Канада, Либан, Молдавија, Украина и Кипар. Велика Британија сѐ уште е на листата.
Лицата кои пристигнуваат во Германија со авион, мора да приложат или негативен ковид тест, или сертификат за вакцинација или потврда за прележан ковид.