Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ако се направи договор со македонското Министерство за здравство, македонските државјани кои се вакцинирани во Србија, можно е втората доза да ја добијат во земјава, кажа денеска српскиот министер за здравство Златибор Лончар по средбата со министерот Венко Филипче во Белград.
„На граѓаните кои што примија прва доза од вакцина против ковид-19 во Србија она што најмалку можеме да направиме е да им обезбедиме ревакцинација тука. Тоа е наш принцип, но секогаш може да се договориме, бидејќи имаме евиденција на тие граѓани. Ако се договориме и на тој начин е полесно, тие дози може да ги отстапиме на Северна Македонија и таму да се организира вакцинирањето. Тоа дополнително ќе го договориме, има уште 12 недели до ревакцинација“, рече Лончар.
Македонските граѓани во Србија во најголем број се вакцинирани во „АстраЗенека“.