×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Момчето на оваа фотографија не украло леб и сирење, туку го убило брата си

    18.03.2021 10:12 | KumanovoNews

    Moмчето на фотографијата што се шири на Фејсбук, воопшто не е фатено во кражба на леб и таа е (зло)употребена за да се даде лажен контекст. Фотографија била објавена во американските медиуми во 2011 година, во Џексонвил, во текст каде се прави пресек на најголемите злосторства поврзани со семејно насилство во 2011 година. Станува збор за дванаесетгодишното момче со име Кристијан Хуан Фернандез, за кое властите објавиле дека е обвинето за убиство од прв степен. Младиот Фернандез бил обвинет за убиство на неговио двегодишен полубрат, Дејвид Галарага

    Момчето на оваа фотографија не украло леб и сирење, туку го убило брата си

     Вистинометар рецензираше Фејсбук пост проследен со фотографија, во кој се тврди дека момчето на фотографијата, украло леб и сирење од продавница, по што завршило на суд, а откако судијата дознал дека лебот и сирењето биле украдени зашто момчето е сиромашно и ја загубило работата, решил да ги казни сите во судницата по 10 долари, поради општествена одговорност за таквата ситуација во која се нашло момчето. Оваа патетична приказна во постот, има 1.700 допаѓања и 450 споделувања.

       Запрашајте се, дали нашите општества, нашите административни системи, нашите судови се подготвени да донесат ваква пресуда? „Ако некое лице биде фатено како краде леб, сите луѓе од тој народ, општеството и државата треба да се срамат“, се вели на крајот од постот.

    Меѓутоа, ова момче воопшто не е фатено во кражба на леб и неговата фотографија е употребена за да се даде лажен контекст. „Вистиномер“ успеа да ја пронајде оваа фотографија во американските медиуми.  Била објавена во 2011 година во Џексонвил во текст каде се прави пресек на најголемите злосторства поврзани со семејно насилство во 2011 година.

    Во текстот од американскиот медиум се вели дека на 2 јуни 2011 година, властите објавиле дека дванаесетгодишното момче, инаку претставено на фотографијата, со име Кристијан Хуан Фернандез, е обвинето за убиство од прв степен. Станува збор за единствениот случај вака млад човек да биде обвинет за убиство во историјата на Џексонвил. Фернандез бил обвинет за убиство на неговиот двегодишен полубрат, Дејвид Галарага. Малиот Галарага починал од напукнат череп, крварење од мозокот и модрици на левото око и нос. Семејството тврдело дека двегодишното дете имало несреќа додека си играло на игралиште. И 25 годишната мајка била обвинета за соучесништво поради негрижа. Во налогот за нејзиното апсење се тврдело дека дошла дома и го нашла Галарага во несвесна состојба, меѓутоа не повикала брза помош.

    На 19.10.2011 Фокс њуз објавува дека момчето Кристијан Фернандез на возраст од 12 години е најмладиот обвинет за убиство како да е возрасен во историјата на Џексонвил.

    Полицијата тврди дека злосторот бил со умисла, дека Фернандез со намера го усмртил неговиот двегодишен брат Дејвид, на начин што насилно го турнал во полица за книги двапати, предизвикувајќи фрактура во черепот и масовно внатрешно крварење.

    Судскиот вештак проценил дека смртта на Дејвид е последица на убиство, од намерно предизвикана траума. Нивната мајка Бианела Сузана, не била дома за време на инцидентот, но полицијата тврди дека била викната да се врати дома откако постариот брат ја викнал. Таа, исто така, е обвинета за соучесништво и останува во затвор со кауција поставена на 1 милион долари, а ако биде осудена ќе лежи 30 години во затвор.

    Кристијан го признал делото. Повеќе од 170 илјади луѓе на интернет потпишале петиција со молба судот да го третира делото како да го извршил малолетник, а не како да го извршил возрасен човек од што зависи висината на затворската казна!

    На 8 февруари 2013 година, објавено е продолжение за текот на судењето, според кое Фернандез признал вина и доделена му е затворска казна до 2018 година, после што следи повторна реевалуација на неговото ментално здравје.

    Од горенаведениот тек на новинарските извештаи, очигледно е дека се работи за проминентна приказна која во американските медиуми била покривана, ја сменила историјата на тоа како се судат малолетници во Џексонвил, предизвикала голема дебата на интернет просторот и потпишување на петиција за полесна казна на момчето, обвинето и осудено за убиство на помалиот брат.

    Ова е реалната сторија за Фернандез, момчето претставено во постот кој го рецензираме, каде се дава опис на настаните кои се измислени, а имаат за цел да предизвикаат постот да се прошири на интернет просторот и фејсбук страницата да добие внимание, следачи и популарност. Не е вистина дека момчето на фотографијата украло леб и сирење, како што се тврди во постот кој го рецензираме, туку го убило брата си.

    Текстот во постот, пак, е посебна приказна. Иако тој делува правдољубиво, во ниеден случај не може да биде вистина. Како што видовме од фотографијата, таа нема врска со приказната од постот. Но, дури и кога тој би се анализирала сама по себе, таа е сосема надвор од реалноста. Судија не може да казнува публика во судница без причина. Судиите мора да работат според законите на земјата во која судат, а во демократските земји нема закони според кои судиите можат или смеат да ја казнат публиката на судењето само затоа што е присутна во судницата. Исто така, судиите не можат и не смеат да казнуваат со парична казна сопственици, затоа што пријавиле некого кој украл производ од нивната продавница. Таква одредба, исто така, нема во законите на демократските земји, какви што се САД. А, за фактот, пак, што момчето од фотографијата е врзано со лицсици, не ни вреди да се зборува. Да стануваше збор за момче кое украло леб за да ја нахрани мајка си и себеси, а не за убиец, тоа сигурно немаше да биде во лисици. Но, сето ова не е важно. Фактот што фотографијата нема никаква врска со оваа приказна доволно говори за тоа дека и самата приказна е невистинита.

    (Текст и фото:Вистинометар.мк)