×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • МОН ги исплати ученичките и студентските стипендии за месец јуни

    03.06.2021 07:59 | KumanovoNews

    Министерството за образование и наука информира дека исплатени се средствата за ученички и студентски стипендии за месец јуни 2021 година.

    МОН ги исплати ученичките и студентските стипендии за месец јуни

    Сите корисници на стипендии кои ги доделува МОН за ученици од средните училишта, студенти запишани на додипломски студии на високообразовните установи во Република Северна Македонија, како и студенти запишани на некој од најдобрите светски универзитети согласно Шангајската ранг листа, на своите трансакциски сметки ја добија јунската стипендија.

    Оваа практика на редовна месечна исплата на средствата за ученички и студентски стипендии која беше воспоставена на почетокот на 2021 година, ќе продолжи да се реализира и во следниот период, како мотив и поддршка на учениците и студентите во процесот на нивната едукација.