Мени

МОН: Лажна вест се шири по социјалните медиуми за сексуално образование

01.02.2021 09:56 | KumanovoNews

Категорично ги демантираме невистините проширени од Фејсбук групата „Од нас за нас“ на социјалните медиуми, а пренесени од дел од порталите, за наводни содржини во учебници за второ одделение за изучување на сексуалното обарзование, регира Министерството за образование и наука (МОН). 

МОН: Лажна вест се шири по социјалните медиуми за сексуално образование

„Веста е целосно лажна, а користените илустации воопшто не се дел од учебници и материјали од нашиот образовен систем.  Прикажаните текстови и илустрации кои се прилепуваат на делови од Концепцијата не се извадени од наставни материјали предвидени за нашата земја. Бараме одговорност за лажните вести кои се тенденциозни, со намера да шират паника и да ја манипулураат јавноста, а за постигање на  цели кои немаат никаква допирна точка со унапредување на образованието“, - соопштуваат од МОН.

 Оттаму ги повикуваат граѓаните, родителите и учениците да не подлегнуваат на непроверени информации коишто се шират на социјалните медиуми, затоа што со истите се нанесува директна штета на Министерството за образование и наука, како и на целиот образовен систем.