Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Според податоците на Народната банка на Македонија, во јуни депозитите на домаќинствата во македонските банки изнесуваа 5,002 милијарди евра.
Во мај таа бројка беше помала за 51,4 милиони евра.
НБМ во повеќе наврати ја зголеми основната камата, во јули тоа зголемување изнесуваше 0,5 процентни поени, со што основната камата беше 2,5 отсто.
Освен тоа НБМ одлучи да ја намали и задолжителната резерва за денарските обврски од 6,5 отсто - на 5 проценти, а ја зголеми стапката на задолжителна резерва за обврските во странска валута од 16,5 отсто, на 18 проценти.
Ова предизвика македонските банки да ги зголемат каматните стапки за денарско штедење. За орочени денарски депозити каматните стапки кај некои банки веќе се 2 отсто.
Во јуни пораснаа и девизните депозити - 2,676 милијарди евра.
„Вкупните депозити на приватниот сектор во јуни се повисоки за 0,4 отсто во споредба со мај, а нивното ниво е за 1,8 отсто зголемено на годишна основа. Притоа, растот на депозитите на домаќинствата забрза и достигна 1 отсто на месечна основа, односно 5,2 проценти на годишна основа“, се вели во соопштението од централната банка.