Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Полицискиот час од 27 април до 15 мај да почнува од 21 часот, а угостителските објекти да ги отворат само летните тераси за гостите, е новиот предлог на Главниот координативен кризен штаб до Владата. Штабот препорачува тековните мерки со полициски час од 20 до 5 часот и затворени кафулиња и ресторани да продолжат да важат до 27 април.
Главниот кризен координативен штаб на денешната седница ги разгледуваше предлозите пристигнати од Комисијата за заразни болести и врз основа на истите предлага на наредната седница на Владата, да се усвои одлука со која постојните мерки кои се со важност до 20 април 2021 година (вторник), да продолжат да се применуваат до 27 април 2021 година.
Во случај на потврдување на трендот на опаѓање, Главниот координативен штаб ќе ја разгледа можноста за предлог за намалување на рестрикциите, исклучиво во случај на континуитет во падот на бројот на заразени и бројот на хоспитализирани лица и тоа конкретно за:
• во периодот од 27 април 2021 година (вторник), заклучно со 15 мај 2021 година (сабота), да се отворат угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел);
• забраната и посебниот режим на движење да почнува од 21:00 часот до 05:00 часот наредниот ден;
• да ги разгледа можностите при намалување на рестриктивните мерки да се дозволи организирање на спортски тренинзи организирани од страна на фитнес центри/клубови на отворен простор (наместо во затворена спортска вежбална/сала);
• други мерки во зависност од епидемиолошките текови и состојби во државата.
Наведените предлог-мерки на Комисијата за заразни болести ќе се разгледуваат исклучиво доколку се задржат трендовите на опаѓање на бројките на новозараени и хоспитализирани лица, за што клучно е почитувањето на личните мерки за заштита од КОВИД-19 и активните протоколи за функционирање во услови на ковид-19, соопшти Владата.