×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Високи температури од четврток до недела - бремените жени и хронично болните да не одат на работа

    20.07.2022 22:52 | Сузана Николиќ

    Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од четврток до недела територијата на целата земја ќе биде зафатена со високи температури од портокалова фаза. Од Министреството за здравство соопштуваат дека во тој период ќе важат препораките за намалување на ризиците од високи температури и превенирање на последиците од топлотни бранови врз здравјето на населението.  

    Високи температури од четврток до недела - бремените жени и хронично болните да не одат на работа

    Министерството за здравство препорачива ослободување од работните обврски на најранливите групи население, како што се - бремените жени и хронично болни лица. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот. 

    Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да укажат помош на постари, изнемоштени лица и бездомници. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик врз здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.  

     Од Министертството потсетуваат дека населението во летниот период потребно е да ги почитува општите мерки за заштита на здравјето. Во текот на екстремно топли денови да се остане повеќе во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори  под сенка. Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа, а при сончање да се користи крем со висок заштитен фактор. 

    Се апелира да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку мрсна храна.  Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење,  а да се избегнуваат алкохолните пијалаци.  При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри. Хронично болните лица редовно да ја земаат пропишаната терапија, во консултација со матичните лекари. 

    Поради високите температури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува: задолжително миење на свеж зеленчук и овошје пред нивната употреба; термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу краток рок по подготовката, како и избегнување термички необработени производи.