Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од ноќеска на полноќ за половина денар се намалува цената на бензинот Еуросупер БС-95, а малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-98, Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Од утре Еуросупер БС-95 ќе се продава по 68,00 денари/литар, Еуросупер БС-98 по 70,00 денари/литар, Еуродизел БС (Д-Е V) 60,00 денари/литар, масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) по 59,50 денари/литар и Мазут М-1 по 34,596 денари/килограм
Како причини за ваквата одлука на малопродажните цени на горивата од РКЕ го наведуваат тоа што во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување кај бензинот за 0,82 проценти, кај дизелот има зголемување за 1,048 проценти и кај екстра лесното масло зголемувањето е за 1,35 проценти, додека кај мазутот има намалување за 1,856 проценти. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,522 проценти.