Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Владата на денешната седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и ги донесе следните одлуки, кои важат од среда, 16 јуни.
Од вечерва на полноќ престанува да важи забраната и посебниот режим на движење на лица и возила од јавен превоз на територијата на Македонија.
Се укинува ограничувањето на работното време на сите угостителски објекти, а за време на работно време се дозволува работа само на отворените делови – тераси од угостителскиот објект, освен служење пијалаци во внатрешноста на казината и автомат клубовите.
Се дозволува одржување настани на отворено со 50 отсто од капацитетот на просторот и ограничен број на посетители до максимум 1.000 посетители.
Дозволено е организирање свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси со максимум 50% исполнетост на капацитетот на отворениот дел, наместо максималните 100 гости како што беше досега.
Донесен е заклучок да престане да важи обврската угостителскиот објект во кој има прослава да ја регистрира и пријави прославата во угостителската комора која води регистар на свадби, прослави и останати веселби.