Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од среда, да се укине полицискиот час, е новиот предлог на Комисијата за заразни болници кој ќе биде предложени до Главниот кризен штаб, објави на Министерството за здравство.
„Од среда, 16 јуни, да се укине целосно полицискиот час, да се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави и да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50 % од објектот и не повеќе од 1000 лица. Епидемиолошката состојба е стабилна и го дозоволува ова“, соопштува Министерството за здравство.