Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Владата на вчерашната седница го задолжи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да ги преземе сите потребни активности за реализација на покачувањето платите на вработените во МВР во висина од пет проценти почнувајќи со платата од септември 2022 година.
„По известувањето од Министерството за внатрешни работи дека во буџетот на МВР за 2022 година се предвидени средства за ваквото покачување од месец септември и барањето на МВР за донесување ваков заклучок, со цел да се направи промена на решението за вредноста на бодовите“, соопшти Владата.