×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Премиерот Ковачевски со честитка за Денот на независноста

    08.09.2022 10:31 | KumanovoNews

    По повод Денот на независноста, премиерот Димитар Ковачевски, упати честитка до сите граѓани, со порака дека обединети во слободата треба да ги продолжиме перспективите, затоа што историјата не учи дека за секој важен чекор напред, е потребно обединување.

    Премиерот Ковачевски со честитка за Денот на независноста

    „Го дочекуваме овој голем државен празник, обединети во едно, заедничко општество дома, како достоинствена членка на НАТО и идна членка на Европската Унија на меѓународен план. Интеграциите се битката на нашата генерација. И затоа повикувам Обединети во слободата да ги продолжиме перспективите.  Историјата учи дека за секој важен чекор напред е потребно обединување.

    Граѓаните Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Бошњаци, Роми, и сите други, на историскиот референдум на 8 септември, 1991 година, во огромно мнозинство, сплотени, независно од етничките и политичките различности, одлучија да живеат во независна држава. Генерациите од тие 90-ти години мудро ја извлекле поуката од илинденците и асномците, кои се обединиле во борбата - за слободата и државноста.

    Се поставиле на висина на својата задача и се обединиле во остварување на независноста, без да ја доведат во прашање веќе извојуваната слобода.

    Ова е пример што покажува колку е важно заедништвото и што значи да се има мудро, храбро и прогресивно политичко лидерство, посветено на напредокот на граѓаните и на државата.

    Станавме дел од НАТО и ја осигуравме државата, во најголемиот безбедносен сојуз, каде земјите членки солидарно се штитат меѓу себе. Ги започнавме преговорите со Европската унија гордо и со крената глава, за на истата маса, одвнатре да ги браниме јасно и гласно и понатаму нашите позиции. Ја основавме, заедно со Србија и Албанија, иницијативата Отворен Балкан, преку којашто осигуравме сериозно подобрување на регионалната соработка, но и развој на нашите економии со шанси за нови придобивки за граѓаните и компаниите.

    Обединувањето на граѓаните е гаранција за домашниот мир. Добрососедските односи се гаранција за регионалниот мир. А нашето обединување меѓу 27-те членки на Европската Унија е реална и неопходна перспектива за унапредување на квалитетот на животот на граѓаните, според европските принципи и вредности.

    Започнатите преговори со Европска Унија во план е да ги завршиме многу брзо. Работиме напорно и со брза динамика граѓаните на Република Северна Македонија да бидат што поскоро дел од европското семејство.

    На овој 8-ми Септември, повикувам сите заедно, обединети во слободата, да се обединиме и околу идејата за Република Северна Македонија којашто брзо чекори по европскиот пат. Да се издигнеме на висина на должноста, за да ја добиеме нашата генерациска битка.

    Нека ни е честит и вековит 8 Септември, Денот на независноста“, се вели во честитката од премиерот Димитар Ковачевски.