Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерот за здравство д-р Венко Филипче апелира до сите граѓани да се вакцинираат, бидејќи тоа е единствениот начин како да се справиме со евентуално новиот бран кој би се појавил наесен. Податоците покажуваат дека 85% од здравствените работници се веќе вакцинирани, како и поголем дел од воспитно образовниот кадар.
„Доколку наесен опфатот на вакцинирани граѓани не е доволно голем ќе се воведат нови мерки, вакцинален сертификат кој ќе биде задолжителен за влез на настани на затворено, како и за организирање на масовни настани. Важноста на имунизација на населението е клучна за справување со пандемијата, затоа е важно граѓаните што поскоро да го сторат тоа, порача министерот Филипче.
Во изминатите три дена откако е започната теренската вакцинација, досега се вакцинирани околу 30% , теренската вакцинација ќе продолжи и во следниот период. Досега се вакцинирани околу 400.000 граѓани а се ревакцинирани 250.000 граѓани.