Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во услови на енормен раст на цената на електричната енергија на светските берзи, за заштита од ценовен шок, од 1 јули стартува тарифната реформа за пресметка на цената на струјата.
„Тоа значи еден вид на праведен данок, оние кои што трошат помалку, ќе плаќаат помалку, за разлика од оние кои што трошат повеќе ќе плаќаат повеќе. Целта е да се поттикне рационално и ефикасно користењето на електричната енергија. Новото праведно тарифирање е резултат на широка транспарентна и јавна експертска дебата со вклучени чинители во енергетскиот сектор“, информира Владата.
За 98,8 проценти од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 проценти. Ако не беа воведени блоковите, оваа цена ќе беше зголемена за 17,74 проценти. Евтината тарифа останува од 22 часот до 7 часот наутро, а блок тарифите важат само за скапата струја. Тарифниот систем е правопропорционално димензиониран во корист на потрошувачите.
И во изминатиот период поддршката на Владата кон ЕСМ да обезбеди цена од 48 евра за мегават час за универзалниот снабдувач за 100% задоволување на потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, овозможи цената на струјата за домаќинствата да не се покачи за 145%, а тоа значи поддршка за секое домаќинство во просек по 3.500 денари на месечно ниво, односно 42.000 денари на годишно ниво.