Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ден на полицијата за мене претставува симбол на пожртвуваноста, одговорноста, храброста, моралот – карактеристики што треба да ги развива секој поединец кој положил заклетва пред сината униформа, порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во честитката до полициските службеници и МВР, по повод Денот на полицијата-7 Мај.
Спасовски вели дека последните години одново е воспоставена традицијата на почит кон секој поединец, а МВР е силна институција која го гарантира редот, безбедноста и владеењето на законите и претставува квалитетен сервис во интерес на сите граѓани.
„Горд сум што за период од три и пол години реконструиравме 55 објекти, а овие две недели пристигаат и комплет униформи за неколку полициски единици. Набавивме пловни објекти, мотоциклистичка опрема, а за обнова на униформи и опрема во буџетот за оваа година имаме обезбедено близу половина милијарда денари, што е еден од највисоките износи во историјата на министерството. Обезбедивме и средства за исплата на бонус плата на вработените во МВР за оствaрени над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво, во текот на 2020, кои ќе бидат исплатени во јуни, а веќе ги исплативме бонус платите за 2017 и 2018 година“ посочи Спасовски.
На крајот од честитката, се вели дека продолжуваат со силна мотивираност да ги градат севкупните капацитети на македонската полиција.