×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Српските државјани нема да плаќаат патарини од 15 јуни до 15 август во Македонија

    20.04.2021 20:50 | KumanovoNews

    Во знак на благодарност кон Србија за донацијата на вакцини, српските државјани нема да плаќаат патарина во земјава од 15 јуни до 15 август. Ова го соопшти министерот Венко Филипче, кој денеска во Белград беше во посета на Институтот за вирологија, вакцини и серуми „Торлак“.

    Српските државјани нема да плаќаат патарини од 15 јуни до 15 август во Македонија

    „Благодарение на министерот Лончар, премиерката Брнабиќ и посебно претседателот Александар Вучиќ, преку донацијата на вакцини од Србија ние го започнавме процесот на имунизација кај нас. Заради овој пријателски гест, Владата донесе одлука сите српски граѓани да бидат ослободени од плаќање на патарини од 15 јуни до 15 август, тоа е оваа сезона во која голем број на српски граѓани традиционално патува и во Македонија и према Грција“, кажа Филипче.

    При посетата на институтот „Торлак“ каде се произведува руската „Спутник“, било договорено стратешко партнерство за набавка на вакцини за наредниот период.