Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Попладнево стигна првата пратка од вакцините на „Фајзер“, која властите ја обезбедиjа cо директни преговори со овој производител, информира Министерството за здравство.
„Станува збор за 10.530 дози од вакцината Фајзер, кои веќе од среда ќе бидат распределени по вакциналните пунктови во државата, каде се одвива вакцинација согласно Националната стратегија за ковид имунизација“, соопшти Министерството за здравство.
Куманово е еден од градовите каде што ќе се спроведува масовна имунизација.
Од Здравствениот дом денеска информираат дека чекаат насоки од Министерството во кој спортски објект ќе се спроведе вакцинацијата.
(Фото: Министерство за здравство)