×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Студентите од октомври ќе добиваат по 2400 денари за субвенциониран оброк, најави Царовска

    07.07.2021 05:47 | KumanovoNews

    Финансиска поддршка за субвенциониран студентски оброк ќе добиваат студентите од месец октомври, со почетокот на новата студиска година.

    Студентите од октомври ќе добиваат по 2400 денари за субвенциониран оброк, најави Царовска

    Средствата ќе се уплаќаат директно на лична сметка, со што ќе им се даде можност на студентите, освен во угостителски објекти, да ги користат и во маркетите.

    „Оваа новина е предвидена поради пандемијата и евентуалните рестриктивни мерки на есен. Можеби сега мерките се релаксирани, но не знаеме што ќе се случува во септември, октомври, ноември, декември кога студентите ќе треба да го добиваат овој додаток, а замислете рестораните се затворени и работат само продавниците. Со законските измени овозможуваме ова право да се оствари независно од пандемијата и тие да може да си обезбедат оброк и од маркетите“, истакна министерката за образование и наука Мила Царовска.

    Таа потенцираше дека студентите се задоволни од ова решение, кое е прифатливо за нив, а државата дури и во услови на пандемија покажува грижа и дава можност за искористување на средствата што се наменети за студентите.

    Финансиската поддршка за субвенционираниот студенстки оброк на месечно ниво изнесува 2.400 денари.

    Проекциите за 2021/2022 година се дека ќе го користат околу 40.000 студенти, за што се обезбедени средства во буџетот на МОН.