Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Веднаш да се исплати помошта за плати во февруари, а таа да продолжи до кога ќе биде потребна, заради финансиска помош за опстанок и ликвидност на компаниите, побараа од Туристичкиот сектор.
По затворањето на границите, заострувањето на мерките, немањето вакцини, секторот стравува од неможноста за работа и оваа летна сезона.
И по една година падот на промет во туристичките агенции е 90%, туристичките водичи седат дома, а автобусите на превозниците се паркирани и хотелите празни. Дали ова кажува дека секторот има потреба од помош?!
„ Доколку не се добие помошта сите чинители во оваа дејност ќе започнат со работа во други дејности и потоа ќе бидат потребни години за повторно да се врати оваа гранка во живот. Веќе многу туристички работници, водичи, вработени во хотели и во туристички агенции почнуваат да работат на други позиции, а прашање е дали после 5 години ќе се вратат со истиот ентузијазам и квалитет во туризмот“, се наведува во соопштението од туристичките работници.
Дали ќе се затворат туристички агенции зависи од државните институции, дали ќе имаат слух за неопходната континуирана помош во оваа дејност.